Живот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Живот
Живот (Biota)
Научна класификација [ у ]
Домени и царства

Живот на Земјата:

Животот е карактеристика на организмите која покажува определени биолошки процеси како што се хемиски реакции и други настани кои резултираат во трансформација. Живите организми се способни за раст и размножување, некои можат да комуницираат и некои можат да се прилагодат кон нивната средина преку промени од внатрешно потекло.[1] Физичка карактеристика на животот е тоа што тој се храни од негативна ентропија.[2][3] Во поголем детаљ, животот е член на класата појави кои се отворени или континуирани системи способни за намалување на нивната внатрешна ентропија за сметка на супстанциите или слободната енергија преземена од средината и последователно отфрлена во деградирана форма.[4][5]

Ентитет со горенаведените својства се смета дека е жив организам, т.е. животна форма. Не секоја дефиниција за живот ги зема предвид овие својства како есенцијални. а пример, капацитетот за еволуција е понекогаш земен како единствената животна карактеристика; оваа дефиниција ги вклучува вирусите кои не се класифицираат во потесните дефиниции бидејќи се бесклеточни (ацелуларни) и немаат метаболизам.

Широка лепеза на живи организми може да биде пронајдена во биосферата на Земјата. Својствата на овие организми — растенија, животни, габи, протисти, археи и бактерии — се клеточна форма базирана на вода и јаглеродни соедининија со сложена организација и наследен генетски информации. Тие се подлежни на метаболизам, имаат способност за раст, одговараат на дразби, се размножуваат и преку природна селекција се адаптираат на нивната средина во последователните генерации. За сега нема доказ за вонземски живот.

Видете исто така[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „organism“. Chambers 21st Century Dictionary (online). (1999).
  2. Schrödinger, Erwin (1944). „What is Life?“. Cambridge University Press. ISBN 0-521-42708-8. 
  3. Margulis, Lynn; Sagan, Dorion (1995). „What is Life?“. University of California Press. ISBN 0-520-22021-8. 
  4. Lovelock, James (2000). „Gaia – a New Look at Life on Earth“. Oxford University Press. ISBN 0-19-286218-9. 
  5. Avery, John (2003). „Information Theory and Evolution“. World Scientific. ISBN 9812383999.