Смрт

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Череп, симболична претстава за смртта

Смрт е постојан крај на биолошкото функционирање на секој жив организам. Вистинската природа на смртта со векови е централна тема во светските религии, како и во философијата. Во повеќето религии постои верување во некој вид живот после смртта или реинкарнација. Современата наука смртта ја смета за конечна состојба.

Во медицината постои термин клиничка смрт, а тоа е состојба при која на пациентот му функционираат нормално срцето и белите дробови, но мозокот е мртов.

Смртта во јужнословенската митологија[уреди]

Смртта е персонифицирано битие чија единствена должност била да ја одзема душата од телото на смртникот. Смртта била прикажувана како битие во долга бела или црна облека, со качулка на главата од која најчесто не може да се согледа ликот. Смртта најчесто припаѓала на машкиот пол иако во некои преданија таа е претставена како стара жена.

Во народното творештво смртта била ужасната од молбите и плачот на луѓето, па посакла од бога да ја ослободи од должноста, но тој одбил. „Еве јас отсега вамо ќе создадам турли - турли болести по луѓето и од болестите што ќе ѝ создадм луѓето ќе умираат и на болеста ќе ѝ викаат, а тебе ќе ти забораат да те колнат” - Марко Цепенков.

Според старите верувања смртта е единствената која го знае мигот во кој секое живо битие треба да почине. Смртта доаѓа по божјите (или сопствени) закони и никој не е во можност да ја повика или да ја присили да му ја земе душата без таа да сака.

Смртниот час е миг на разделбата на душата од физичкото тело. По верувањата душата заминува на „друг/оној свет“. Зависно од моралните и хуманите однесувања на поединецот, по старите верувања, и смртниот час можел да биде краток, лесен и милозлив или долготраен, измачувачки и страшен.

Види исто така[уреди]

Користена литература[уреди]

  • Гордана Стојковска, „Речник на јужнословенска митологија“, 2004, Издавачки центар Три, Скопје