Димитар Солев
Димитар Солев (Скопје, 24 мај 1930 - Скопје, 24 септември 2003) бил македонски раскажувач, романсиер, драмски автор, есеист, книжевен критичар и преведувач. Студирал на Филозофскиот факултет, а завршил на групата по историја на југословенските литератури. Бил директор на Македонската телевизија, на НУБ „Св. Климент Охридски“, уредник на списанието „Разгледи“, член на Македонскиот ПЕН центар. Во 1956 година станува член на Друштвото на писателите на Македонија, а одреден период е и негов претседател[1].
[уреди] Творештво
Во периодот на педесеттите и шеесеттите години, Солев се јавува како предводник на модернистичкото крило и со своите естетски конфронтации се наоѓа во средиштето на полемиките карактеристични за овој период.
Најпознати објавени дела му се:
Збирки раскази:
- Окопнети снегови (1956)
- По реката и спроти неа (1960)
- Ограда (1963)
- Зима на слободата (1968)
- Слово за Игора (кратки приказни, 1969)
- Полжави (1975)
- Црно огледало (1985)
- Одумирање на државата (1990)
- Промена на системот (1993)
- Ќелав штурец
- Синовски татковци (постхумно, 2006)
Романи:
- Под усвитеност (1957)
- Кратката пролет на Моно Самоников (1964)
- Дрен (1980)
- Зора зад аголот (1984)
- Дублер (1988)
- Мртва трка (1998)
Есеи:
- Кво вадис скриптор (1970)
За романсираната биографија на Васил Антевски - Дрен, која беше објавена во 1980, Димитар Солев ја доби Рациновата награда.
Добитник е на наградата „11 Октомври“.
[уреди] Наводи
- ↑ Aldo Kliman (1973). „Makedonskata kniževnost vo kniževnata kritika: Umetničko tvoreštvo“. Misla.
| Оваа биографска статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Родени во Скопје
- Родени на 24 мај 1930
- Родени во мај 1930
- Родени во 1930 година
- Починати во Скопје
- Починати на 24 септември 2003
- Починати во септември 2003
- Починати во 2003 година
- Никулци за Македонци
- Македонски писатели
- Скопјани
- Македонски раскажувачи
- Македонски романсиери
- Македонски есеисти
- Македонски книжевни критичари
- Македонски преведувачи
- Македонски драмски автори
- Членови на ДПМ