Богомил Ѓузел
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Богомил Ѓузел | |
| писател | |
| Роден/а | 1939 |
|---|---|
Богомил Ѓузел (роден на 9 февруари 1939 година во Чачак, Србија) e македонски поет, есеист, драмски писател, раскажувач и преведувач. Негова сопруга е македонската писателка Лилјана Дирјан. Роден е во Чачак, каде што татко му, Димитар Ѓузелов, работел како гимназиски професор со забрана за враќање во Македонија. По бугарската окупација во 1941 година неговото семејство доаѓа во Скопје, каде Ѓузел израснал и се школувал. Во 1963 година завршил англиски јазик и литература на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј".
Литературно творештво [уреди]
Поезија:
- Медовина (1962)
- Алхемиска ружа (1963)
- Мироносници (1965)
- Одисеј во пеколот (1969)
- Бунар во времето (1972)
- Тркало на годината (1977)
- Стварноста е сè (1980)
- Опсада (1981)
- Празен простор (1982)
- Мрак и млеко (1986)
- Рушејќи го ѕидот (1989)
- Одбрани песни (1991)
- Гол живот (1994)
- Хаос (1998)
- Она (2000)
- Одбрана поезија (1962-2002) (2002)
Есеи:
- Историјата како маштеа (1969)
Проза:
Преводи (изведувани но неиздадени):
- Андрокле и лавот и За оружјето и луѓето - Бернард Шо
- Долго патување во ноќта - Јуџин О’Нил
- Доктор Фауст - Кристофер Марлоу
- Закопаното дете - Сем Шепард
- Злостори на срцето - Бет Хенли
- Спасени - Едвард Бонд
- Љубовникот - Харолд Пинтер