Ефтим Клетников
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Ефтим Клетников (роден во с. Негрево, 1946 год.) е македонски поет, книжевен и ликовен критичар, есеист и преведувач. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Имал студиски престој во Париз (1979/80) како стипендист на француската влада.
[уреди] Литературно творештво
Поезија: Модер вир, Зраци и самраци, Окото на Темниот, Песни за Огнен, Икра и крило, Гласови, Триок, Магновенија, Маж и жена со лице спроти ѕвездите, Прасјај, Троја.
Поезија за деца: Кула со златно ѕвоно,Златна рипка, Море во сонот, 88 песни за месечината, Сончеви песни.
Есеи и критика: Орион, Јатка, Во потрага по целината.
Има подготвено неколку антологии на македонската поезија.
Препејува од руски, француски, словенечки, српски, хрватски, словачки јазик.
Добитник е на повеќе книжевни награди. Неговата поезија е застапена во голем број антологии и преведена е на неколку јазици.