Ацо Караманов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ацо Караманов
Ацо Караманов.jpg
Ацо Караманов
Роден 31 јануари 1927
Радовиш, Македонија
Починал 7 октомври 1944(1944-10-07) (на 17 год.)
во близина на Берово

Ацо Караманов (Радовиш, 31 јануари 1927 - 7 октомври 1944) бил македонски поет и учесник во НОБ.

Живот[уреди]

Караманов е роден во Радовиш, како најстаро дете во семејството на Васил и Софија. Кога имал само три месеци, неговото семејство го напуштило родното место поради службата на таткото и отишле прво во Белград, потоа и во други места низ Србија, но во с. Велико Орашје се задржиле повеќе години. Таму, Ацо го завршил основното образование и благодарение на неговиот учител кај малиот Караманов рано се јавила љубовта кон литературата. Своите први стихови тој ги напишал уште во второ одделение, односно на 9-годишна возраст.

Согледувајќи ги предиспозициите на Ацо Караманов, неговиот учител лично го одвел да го полага приемниот испит во гимназијата во Смедерево кој го положил со одличен успех. Во прво време, тој живеел сам со мајка му во Смедерево, а потоа кога татко му добил служба во Скопје, се преселиле во Македонија. При крајот на учебната 1937/38 година се запишал во Првата машка скопска гимназија.

Во 1941 се вклучил во СКОЈ и активно учествувал во растурање летоци и други акции. Кон крајот на мај 1944 година семејство се преселило во родниот Радовиш.

На почетокот на септември 1944 се придружил на Тринаесеттата македонска народна бригада каде партизанувал само 32 дена. Караманов загинал на 7 октомври 1944, кај с. Смојмирово, Беровско, во борба против германските фашисти.[1] Бил погоден од непријателски куршум во цутот на својата младост, на денот кога го испејал и последниот стих „Ние и кога умираме треба да пееме“.

Творештво[уреди]

Овој талентиран писател живеел само 17 години, но неговите хумани пораки запишани во стихотворбите остануваат да сведочат за творечкиот талент, за детската визија за поубавиот свет, за недосонуваното и недоживеано слободарско утро.

Во текот на својот живот Караманов не објавил ниту една поетска или прозна книга, но колку што сега е познато, од него се сочувани околу 280 поетски творби, како и неговите бележници, лектирски тетратки, дневнични записи и епистоларија (писма и дописки).[2]

Низа години по Втората светска војна за него се знаело само како за револуционерен поет кој пишувал естрадна лирика, верувајќи во создавањето на еден нов и поинаков свет. По заслуга на Милан Ѓурчинов и Радивое Пешиќ, негови школски другари, денес се достапни делата:

  • „Црвена пролет“, издадена 1963, 1984 и 1989
  • „Прозните записи“, издадена 1981 година
  • „Сребрените соништа“ и
  • „Големата песна на Ацо Караманов“, издадена 2006 година.

Караманов покрај пишувањето исто така се занимавал и со цртање на карикатури.

Чествување[уреди]

Ацо Караманов е личност чие име го носат една улица во Радовиш, детската градинка во Радовиш, општинската установа „Центар за култура - Радовиш“, еден фолклорен ансамбл (ФА „Ацо Караманов“).

Во негова чест секоја година се одржуваат „Караманови поетски средби“ кои ги поврзуваат поетите од сите балкански земји, па и пошироко.

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]