7 октомври

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

7 октомври е 280-иот ден во годината според григоријанскиот календар (281-и во престапна година). Остануваат 85 денови до крајот на годината.

<< октомври >>
Н П В С Ч П С
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31


Настани:

1492  Кристофер Колумбо ја одминува Флорида при промена на курсот.
1506  Папата Јулиј II и Франција ја окупираат Болоња.
1769  Англискиот истражувач Капетан Кук го открива Нов Зеланд.
1840  Вилем II станува крал на Холандија.
1886  Шпанија го укинува ропството во Куба.
1931  Направена првата инфрацрвена фотографија во Рочестер, Њујорк.
1991  Европската Заедница ѝ става ултиматум на Југославија за 24 часа да ги прекине воените дејствија на ЈНА, заканувајќи се со економски санкции.
1993  Основана Агенцијата за трансформација на претпријатијата со општествен капитал.

Родени:

1576  Џон Марстон, англиски писател
1748  Карл XIII, крал на Шведска
1885  Нилс Бор, дански теоретски физичар, основач на теоријата на структурата на атомот.
1910  Ѓорѓи Абаџиев, македонски писател, еден од најпознатите прозаисти, публицист и историчар.
1960  Виктор Лазло, белгиски пејач.
1984  Мауро Сантамброџо, италијански велосипедист.

Починале:

1849  Едгар Алан По, северноамерикански поет
1894  Оливер Вендел Холмс, американски писател
1904  Димитар Цанко, македонски преродбеник
1959  Марио Ланца, американски тенор и филмска ѕвезда.
1985  Христо Андонов Полјански, македонски историчар, ректор на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември