Антон Панов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Антон Панов
Strumica X (13).JPG
Споменик на Антон Панов во Струмица
Роден 13 април 1906
Дојран, Отоманска Империја (денес Македонија)
Починал 28 август 1968(1968-08-28) (воз. 62 г.)
Струмица
Занимање писател
Период XX век
Значајни дела Печалбари, Роденденот на Серјожа Јегоркин, Стега / Вероника

Антон Панов (Стар Дојран, 13 април 1906Струмица, 28 август 1968) — истакнат македонски драмски писател. Татко му бил ситен трговец на риба, но и активен учесник во Револуционерната Организација, која по илинденското востание е подложена на репресии, а нејзините членови биле затварани и испраќани на заточени. И таткото на Антон Панов Ѓуро ке биде затворен и испратен на заточение во Беаз - Куле во Солун. Антон од татко му ја наследил гордоста и борбеноста, а уметничкото од мајка му Руша (Марушка) и баба му Ката, кои биле талентирани за драмски импровизации. Уште како мал Антон чиракува во дуќанот на татко си, иако не го сакал тој занает- трговијата. Во 1923 година неговите родители се преселуваат во Белград, каде Антон го продолжува гимназиското образование во 3-та машка гимназија. Поради спор со еден од професорите, ја напушта гимназијата и приватно ги полага испитите. Во 1933 година тој ќе ја предаде драмата на Народниот театар во Белград, но тие не биле заинтересирани и ја одбиле иако тамошниот режисер сакал да ја прифати. Кога режисерот ќе премине на работа во Скопскиот театар, ќе ја побара драмата. Премиерата се одржала на 03.03.1936 година. По театарската сезона, Панов отишол во Петроварадин каде се оженил.

Во македонската книжевност Панов е познат како автор на драмски дела. Неговата драма „Печалбари“ е напишана на македонски јазик во периодот меѓу двете светски војни, време во кое употребата на македонскиот јазик била забранета. Драмата првпат е изведена во Скопје на 3 март 1936 г., а потоа е изведувана во многу театри, меѓу кои и во Белград и Скопје. Неговата книжевна дејност е од извонредно значење за македонската книжевност. Друга позната драма на Панов е „Пиликатник“, која го обработува животот на дојранските рибари.

Книжевни дела[уреди | уреди извор]

Панов напишал повеќе прозни и сценски текстови.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]




Грешка во Lua во Модул:Navbox, ред 16: Tried to write global trim