Ташко Георгиевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ташко Георгиевски
Ташко Георгиевски.jpg
Роден 15 март 1935(1935-03-15)
с. Кронцелево, Воденско
Починал 13 април 2012(2012-04-13) (на 77 год.)
Скопје
Занимање писател и сценарист

Ташко Георгиевски (15 март 1935 - 13 април 2012) — македонски раскажувач, романописец и филмски сценарист, по потекло од Егејска Македонија. Во современата македонска литература внел оригинални теми со изразита национална боја. Главна тема кај Георгиевски се трагичните прогонства и преселби на егејските македонци, нивните несреќи и раселувањето по војната. Членувал во МАНУ од 1983 година.

Георгиевски е роден во на 15 март 1935 во с. Кронцелево, Воденско. Студирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел во редакцијата на весникот „Млад борец“ и во списанието „Современост“. Бил уредник во Македонската телевизија и во издавачките куќи „Мисла“ и „Македонска книга“. Ги има добиено наградите: „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Стале Попов“, „Рациново признание“.

Почина на 13 април 2012 во Скопје, на возраст од 77 години.[1]

Литературно творештво[уреди]

  • „Ние зад насипот“ (раскази, 1957)
  • „Луѓе и волци“ (роман, 1960)
  • „Ѕидови“ (роман, 1962)
  • „Суви ветрови“ (раскази, 1964)
  • „Црно семе“ (роман, 1966)
  • „Змиски ветар“ (роман, 1969)
  • „Црвениот коњ“ (роман, 1975)
  • „Куќа под калето“ (раскази, 1978)
  • „Време на молчење“ (роман, 1978)
  • „Рамна земја“ (роман, 1981)
  • „Плочата на животот“ (автобиографски записи, 1987)
  • „Кајмакчалан“ (роман, 1992)
  • Црно семе / Црвениот коњ / Жолтиот трендафил (филмски сценарија, 1997)
  • „Исчезнување“ (роман, 1998)

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]