Михаил Ренџов
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
|
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Михаил Ренџoв (Штип, 25 август 1936) е поет, прозаист и преведувач.
[уреди] Основни биографски податоци
Поет, прозаист и преведувач. Завршил Правен факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје како советник по библиотекарство. Член е на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија.
Добитник е на наградите: Награда на СВП за необјавена песна (1964), „Ноемвриска награда на градот Штип“ за книгата „Иселеник на огнот“ (1965), „11 Октомври“ и „Браќа Миладиновци“ за книгата „Нерези“ (1982), „Григор Прличев“ за препевот на книгата „Тиранија на сонот“ од Каролина Илика, „Прличев ловоров венец“ за поемата „Тој“ (1993), "Grand prix international" за севкупно творештво, Романија (1997), „Златно перо“ за препевот на книгата „Мудрости и горчини“ од Дритеро Аголи (1998). „Ацо Шопов“ за книгата „Јас Оксиморон“ (1999), Македонска номинација за наградата „Балканика“ (2000), „Рациново признание“ за „Раскази за Захариј“ (2004).
[уреди] Творештво
- Иселеник на огинот, (поезија, 1965)
- Ноќно растење на зборот, (поезија, 1967)
- Каде од оваа страна, (поезија, 1968)
- На работ од сонот, (поезија, 1972)
- Страв, (поезија, 1976)
- Полноќ, (поезија, 1979)
- Нерези, (поезија, 1982)
- Аутодафе, (поезија, 1985)
- Феникс, (поезија, сонети, 1987)
- Земја. Потоп, (поезија, 1991)
- Сонување патување, (книга за деца, 1991)
- Тој, (лирска поема, 1993)
- Шпил, (поезија, 1994)
- Вечната бесконечната, (поезија, 1996)
- Јас оксиморон, (поезија, 1998)
- Ангела сонува, (поезија за деца, 1998)
- Псалми, (поезија, 2000)
- Апокалипса, (драмска поема, 2002)
- Раскази за Захариј, (раскази, 2004)
Препеви:
- Гилгамеш, асиро-вавилонски еп (3 изданија: 1994, 1997, 2000).

