Марина Мијаковска

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Марина Мијаковска
Suli an 24 08 10.JPG
Македонската поетеса Марина Мијаковска рецитира на Струшките Вечери на Поезијата
Роден 8 јули 1984
Скопје, Македонија
Занимање Поетеса, есеист и книжевен критичар.


Марина Мијаковска (8 јули 1984, Скопје, Македонија) е македонска поетеса, есеист и книжевен критичар.

[уреди] Биографија

Во 2007 година Мијаковска дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на Катедрата за општа и компаративна книжевност. Истата година посетува предавања од областа на родовите студии во истражувачкиот центар за родови студии „ЕвроБалкан“ Скопје.

Во 2008 година завршува обука за административно работење и се стекнува со психолошка-педагошка и методиска доквалификација на Филозофскиот факултет.

Пишува поезија, есеи и книжевни критики. Неколку години по ред објавува текстови во „Наше писмо“, „Мираж“, „Репер“ и други списанија. Моментално е на постдипломски студии на истата катедра на Филолошкиот факултет.

Во 2009 работи како административен работник во приватна компанија. Во Јуни 2010 е интервјуер на фокус групи на проектот „Индекс на социјална инклузија на локално ниво“, организиран од институтот „Евробалкан“. Активно е вклучена во активности поврзани со проценка на еднаквоста на пристапот о правичната распределба на локални услуги.

Мијаковска учествува на „Струшките вечери на поезијата 2010“ во Ноќ без интерпункција - поетски вечери на млади поети. Истата година ја издава совјата прва книга поетската збирка „Номадска душа“, во издание на „Антолог“.

Во мометот работи на својата магистарска теза и е во подготовка на својата втора книга - Есеи и книжевни критики.

[уреди] Творештво

Автор е на поетската збирка „Номадска душа“, објавена во 2010 година, во издание на „Антолог“.

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник