Ангелко Крстиќ
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Ангелко Крстиќ (с. Лабуништа, Струшко, 1 ноември 1871 година - Лабуништа, 6 мај 1952 година) бил поет, раскажувач, романсиер и драмски автор. Ја завршил Подготвителната учителска школа во Белград во 1889 година. Од 1890 година учителствувал во селата на планината Јабланица. Првиот литературен прилог го објавил во „Цариградски весник“ под псевдонимот „Дримколец“ во 1904 година. За романот „Трајан“ во 1934 година ја добива наградата на Академијата на седумте уметности во Белград за најдобар српски роман. Во 1940-1941 година е директор на скопскиот дневен весник „Глас југа“.
Ангелко Крстиќ пишувал на српски јазик.
[уреди] Литературно творештво
- „Раскази“ (прва книга, Белград, 1932)
- „Трајан“ (роман, Скопје, 1932)
- „Заточеници“ (драма, 1937) - премиерно изведена во Скопското народно позориште на 12 септември 1937 година
- „Раскази“ (втора книга, Белград, 1951)