Христо Ботев

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Христо Ботев
Hristo-Botev-circa-1875.jpg
национален херој, револуционер и поет од Бугарија
Роден/а 6 јануари 1848
Калофер, Отоманска Империја
Починал/а 1 јуни 1876
врв Вола, Стара планина, Отоманска Империја


Христо Ботев (бугарски: Христо Ботьов Петков) (6 јануари, 18481 јуни, 1876) бил револуционер, писател и теоретичар на бугарската национална револуција, борец за ослободување од турското ропство. Бугарските анархисти го сметаат Ботев е истакнат анархист, тврдејќи дека тој факт намерно се игнорира од страна на бугарската официјална историографија.[1]

Родната куќа на Христо Ботев во Калофер

Роден е во Калофер. Студира во Одеса, Русија. Живеел во Букурешт и Браила. Неговата чета се формирала во денешна Романија и се состоела од 172 четници, кои од Ѓурѓево се качуваат на бродот „Радецки“ на 16 мај 1876 година и по еден ден слегуваат на бугарскиот брег. По влегувањето во Бугарија, четата се движела на југ, но на 1 јуни во Балканот крај Враца е опколена од голема турска (черкезка) потера, при што Христо Ботев е убиен од страна на еден Черкез. Врз основа на истражувањата на д-р Стефан Влахов Мицов кои тој ги презентира во неговата книга „Кој го уби Христо Ботев“, тој бил убиен од неговите соборци.[2][3]

Како што пишува Даме Груев, револуционерите од ВМОРО дејствувале по примерот на Ботев.[4]

Покрај револуционер, Христо Ботев е славен и како поет. Најпознати се песните: „Елегија“, „Зададе се облак темен“, „Обесувањето на Васил Левски“ и „Хаџи Димитар“.

Со името на Ботев се именувани [уреди]

Споменик во Враца

Извори [уреди]

  1. Георги Хаџиев. Историја на анархистичкото движење во Бугарија
  2. Кой уби Христо Ботев?, Нов ден, София, 1994
  3. http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1077&ArticleID=70510 Бугарскиот шовинизам се граничи со патологија
  4. [1]

Надворешни врски [уреди]