Раде Силјан
Раде Силјан (Жван, Демирхисарско, 16 април 1950) е македонски поет, есеист, критичар и преведувач.
Содржина |
[уреди] Биографија
Силјан е роден е на 16 април 1950 година во с. Жван, Демирхисарско. Завршил Филолошки факултет - јужнословенски книжевности на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Бил главен уредник на третата програма на Македонското радио, новинар во "Студентски збор" и "Наш свет" и бил директор на книгоиздателството Македонска книга. Основач и директор на книгоиздателството Матица македонска во Скопје. Член на ДПМ од 1982 година. Секретар на македонската писателска асоцијација. Сега по вторпат ја извршува функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија.
[уреди] Библиографија
Силјан е автор е на книгите:
- Третиот лик на времето (поезија, 1975),
- Сенки на јавето (поезија, 1980),
- Принајден облик (критики и есеи, 1986),
- Дијалог со времето (критики и есеи, 1988),
- Гласник (поезија, 1989),
- Македонска поезија XIX век (антологија, 1989)
- Македонска драма XIX и XX век (антологија, 1990)
- Заѕидување на сенката (поезија, 1990),
- Магијата на зборот (критики и есеи, 1991),
- Македонска поезија во XIX и XX век (антологија, 1992)
- Сто години македонска драма (антологија, 1992)
- Нова и современа македонска поезија (антологија, 1996)
- Модерна македонска поезија (антологија,1997)
- Литературни координати (критики и есеи, 1999),
- Пресликано време (поезија, 1999),
- Прилози за наставата по литература во пет книги (критики, 2000).
- Гласот на предците (поезија, 2001)
- Забранета одаја (антологија - раскази, 2004)
- Горчлив вилает (поезија, 2006)
- Македонски писатели и дела кн. 1 (критики и есеи, 2006)
- Сенки на татковината (поезија, 2007)
- Македонски писатели и дела кн. 2 (критики и есеи, 2008)
- Македонија пее (антологија, 2008)
- Македонската литературна критика (антологија, 2008)
- Македонски раскази (антологија, 2008)
- Врвови (поезија, 2008)
- Кругови (поезија, 2009)
- Завештанија (поезија, 2010)[1]
- На мегдан за татковината (поезија, 2010)
- Огледи за македонската поезија (критики и есеи, 2010)
- Огледи за македонската литература (критики и есеи, 2010)
- Текови на македонската литература (критики и есеи, 2011)
- Молитвење (поезија, 2011)
- Блажена (поезија, 2012)[2]
Коавтор е на петтомната едиција Македонската книжевност во книжевната критика (1973/74). Во 2010 год. книгоиздателството „Матица Македонска“ објави избрани дела во шест тома од творештвото на Раде Силјан.
[уреди] Награди
- Студентски збор - 1975
- Кочо Рацин - 1986
- Награда за најдобра критика - 1987
- Браќа Миладиновци - 1990
- Арџесис, Букурешт - 1993
- Ацо Шопов - 1999
- Димитар Митрев - 2001
- Гоцева повелба - 2001
- Вејла кутија - 2008
- Кочиќево перо, Бања Лука - 2008
- Златна фортуна, Киев - 2008
- Un poeta per la pace, Трст - 2010
- „11 Октомври“, државна награда за животно дело - 2010
- Михај Еминеску, Крајова, Романија - 2011[3]