Венко Андоновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Венко Андоновски
Роден Венко Андоновски
30 мај 1964
Куманово, Република Македонија
Занимање македонски писател, раскажувач, романсиер, есеист, критичар и книжовен теоретичар.


Венко Андоновски (роден во Куманово, 30 мај 1964 година) е македонски писател (романсиер, раскажувач, драмски автор, поет), есеист, критичар и книжевен теоретичар.

Биографија[уреди]

Венко Андоновски дипломирал на Филолошкиот факултет "Блаже Конески", во Скопје. Тој е доктор по филолошки науки и работи како професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Андоновски е член на Македонскиот ПЕН центар. Во 1990 година постанал член на Друштвото на писателите на Македонија.[1] [2]

Творештво[уреди]

Творештвото на Андоновски е богато. Тој пишувал поезија, раскази, романи, драми и есеи, а се бавел и со книжевна критика.

Поезија:

  • Нежното срце на варварот, (1986).


Раскази:

  • Квартот на лиричарите (1989),
  • Фрески и гротески (1993).


Романи:

  • Азбука за непослушните (1994),
  • Папокот на светот (2000),
  • Вештица (2006),
  • Ќерката на математичарот / 33,33 (2013).


Драми:

  • Адска машина (1993),
  • Бунт во домот за старци (1994),
  • Словенскиот ковчег (1998),
  • Црни куклички (2000),
  • Кандид во земјата на чудата (2001),
  • Кинегонда во Карлаленд (2006),
  • Граница (2008),
  • Светица на темнината (2010),
  • Олово на перница (2010)).


Критика:

  • Матошевите ѕвона (1996),
  • Текстовни процеси (1997),
  • Структура на македонскиот реалистичен роман (1997),
  • Дешифрирања (2000).

Награди и признанија[уреди]

За своето книжевно творештво, Андоновски е добитник на наградите:[3][4]

Белешки[уреди]