Лидија Димковска
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Лидија Димковска | |
| Роден | Лидија Димковска 11 август 1971 Скопје, Република Македонија |
|---|---|
| Занимање | македонски поет, есеист, теоретичар и преведувач. |
Лидија Димковска е поет, есеист, теоретичар на книжевноста и преведувач. Родена е во Скопје на 11 август 1971 година. Завршила Филолошки факултет во Скопје на групата Општа и компаративна книжевност, а докторирала на тема од романската книжевност на Филолошкиот факултет во Букурешт, Романија. Работи како предавач по македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Букурешт. Уредник е на одделот за поезија во електронското списание за култура и уметност „Блесок“ . Член е на ДПМ од 1995 година. Добитник е на наградата „Студентски збор“ за најдобра дебитантска книга.
[уреди] Литературно творештво
- Рожби од исток (1992)
- Огнот на буквите (1994)
- Изгризани нокти (1998)
- Нобел против Нобел (2001)
Составувач е на антологијата Дваесет млади македонски поети (2000).