Ѓорѓи Абаџиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ѓорѓи Абаџиев
Роден(а) 7 октомври 1910
Македонија Дојран, Македонија
Починал(а) 2 август 1963
Македонија Скопје, Македонија
Занимање Писател

Ѓорѓи Абаџиев (Дојран, 7 октомври 1910 - Скопје, 2 август 1963), македонски раскажувач, романсиер, историограф, публицист и сценарист.

Средно образование завршил во Горна Џумаја (Благоевград). Студирал на Правниот факултет во Софија каде што зел активно учество во организациите на прогресивната македонска емиграција во Бугарија. Член на Македонскиот литературен кружок (1938-1941) и на Македонскиот литературен кружок „Никола Вапцаров“ во Софија (1946-1947). Бил уредник на весникот „Македонско знаме“ (1945-1947). По враќањето во Македонија, во 1948 година, развива плодна дејност како писател, публицист и историчар. Работел во Институтот за национална историја во Скопје и бил негов директор. Член на Друштвото на писателите на Македонија од 1949 година.

За својата литературна работа добил повеќе награди и признанија. Добитник е на наградите за проза на НР Македонија и „11 Октомври“.

Сценариото за филмот „Мис Стон“ (1958) е неговиот прв чекор во филмската уметност.[1]

Творештво[уреди]

Ѓорѓи Абаџиев е познат како историски белетрист бидејќи историјата има истакнато место во неговите дела. Автор е на книгите:

  • „Труд и луѓе“ (уметнички репортажи и раскази, коавторство, 1936)
  • „Изгрев“ (раскази, 1950)
  • „Епопејата на Ножот“ (раскази, 1951)
  • „Последна средба“ (раскази, 1953)
  • „Арамиско гнездо“ (роман, 1954)
  • „Пустина“ (роман, 1961)
  • „Балканските војни и Македонија“ (монографија, 1972) [1]

Во 1972 г. е објавен избор од неговото творештво во четири тома. (македонски)

Наводи[уреди]