Радован Павловски

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Радован Павловски (роден во Ниш, Србија, на 23 ноември 1937 год., а потекнува од Железна Река, Гостиварско) е современ македонски поет, есеист, патописец и публицист. Студирал право и литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Живеел и творел во Загреб, Хрватска (1964-1982), во Белград, Србија (1982 - 1985) и од 1985 година е во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија, на МАНУ и на Сојузите на писатели на Хрватска и на Србија. Од 1985 година бил во брак со македонската сликарка Јулијана Поповска - Павловска († 2011).

[уреди] Литературно творештво

Автор е на книгите: Суша, свадба и селидби (поезија, 1961), Корабија (поезија, 1964), Високо пладне (поезија, 1966), Боемија на Природата (1969), Низ проѕирката на мечот (поезија, 1971), Сонце за кое змијата не знае (поезија, 1972), Пир (поезија, 1973), Зрна (поезија, 1975), Молњи (поезија, 1978), Стражи (поезија, 1980), Чума (поезија, 1984), Отклучување на патиштата (патопис, 1986), Клучеви (поезија, 1986), Марена (поезија, 1986), Избрани дела во три тома (1986), Темелник (поезија, 1988), Зрна, Молњи и Клучеви (трилогија, 1989), Бог на утрото (поезија, 1991), Што може поезијата (есеи, 1993), Вселенски деца (поезија за деца, 1993), Демократска џунгла (политички есеи, 1994), Јавач на звукот (поезија, 1995), Порака на поетот до сите поети на светот - Струшки вечери на поезијата (1995), Синот на Сонцето (поезија, 1999), На едно око (поезија, 2002).

Автор е на манифестите: Епското на гласање (коавтор, 1960) и Манифест на Поетска Република Железна Река (1990).

Добитник е на наградите: „Браќа Миладиновци“, „11 Октомври“, „Кочо Рацин“, „Повелба на печалбарите“, „Гоцева повелба“, „Ацо Шопов“, на странските награди: „Младост“, „Златна струна“, „24 Дисова пролет“, „Ристо Ратковиќ“, стихозбирката Зрна е прогласена за најдобра книга од Југословенската радио телевизија (ЈРТ, 1975), ракописот Пир е награден за неговите високи уметнички вредности (Хрватска, 1972). Добитник е на светското признание за животно дело АБН-САД (1998), во Тринаесетата едиција на меѓународното издание „Кој е кој меѓу интелектуалците“ (1999) на Интернационалниот Биографски Центар (Кембриџ, Англија) се објавени детална биографија и библиографија.

Посебни поетски книги му се објавени на англиски (две), француски, шведски, руски, чешки, романски, турски (три), српски (десет), словенечки и албански јазик.

Неговата поезија е застапена во голем број антологии на македонската поезија.


Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици