Живко Чинго

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Живко Чинго
Živko Čingo na Mostot na umetnosta (1).JPG
Споменик на Живко Чинго на мостот на уметноста во Скопје
Роден 13 август 1935
Велгошти, Македонија
Починал 11 август 1987(1987-08-11) (на 51 год.)
Охрид, Македонија

Живко Чинго бил македонскиот раскажувач, романсиер и драмски писател.

Биографија[уреди]

Завршил Филозофски факултет во Скопје, извесно време работел како професор по литература во гимназија во Охрид, а потоа во Скопје работел во „Студентски збор“, „Млад борец“, Радио-телевизија Скопје, во Центарот за политички студии во Скопје и во Републичкиот комитет за култура. Бил директор на Македонскиот народен театар. Член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1963 година.

Во македонската литература Чинго влегува кон крајот на педесетите години на XX век. Уште во своите први раскази објавени во периодиката тој го свртува кон себеси вниманието на книжевната јавност.

Првата збирка раскази Пасквелија, издадена во 1961 година, била дочекана како литературно откровение. Таа навестува голем мајстор на расказот, еден од водечките имиња на оваа раскажувачка форма. Неколку години подоцна, 1965 година, овој автор ја објавува и втората книга раскази Нова Пасквелија, која го повторува големиот успех на првата книга. Во 1966 година Чинго го објавува романот за деца Сребрени снегови, а во 1971 година и својот втор роман Големата вода (по која е снимен и истоимениот филм). Книгата раскази Вљубен дух, овој автор ја објави во 1976 година, на српскохрватски јазик.

Сите овие пет прозни дела, го сочинуваат јадрото на неговото творештво и го потврдуваат Чинго како автор со својствен раскажувачки свет, исклучителен по својата оригиналност, едноставност, со својата поетичност и непосредност, со својата раскажувачка драматика. Неговото творештво е високо вреднувано од македонската и југословенската критика, а неговите дела се преведувани на: српскохрватски, словенечки, албански, руски, полски, француски, унгарски и германски.

Чинго - суптилен аналитичар на тоталитарната држава и Информбирото[уреди]

Чинговите раскази, драми и романи преставуваат,покрај високата уметничка вредност, претставуваат историско сведоштво за времето тоталитарната држава и Информбирото, време по доаѓањето на слободата, период од развојот на македонското општество исполнето со голем број на пресврти. Зад сцените, приказните и потескиот занес се открива еден свет лоциран во 40 - те и 50 - те години на 20 век испонет со репресија. Чинго во Последниот расказ од војната на еден многу вешт начин го преставил доаѓањето на слободата:

Слободата, другар, таа пак пустињата, најсилно го опијанува човечкото срце... Слобода, сакам да се радувам, а нешто не ме оставаат, разбираш. Слобода другар, проклетство, ќе паднат лажните државни судој, трулата власт, другар. Народен суд, народнии судии, нова власт, се по правда, без протекции, без црни робии. Разбираш, ќе нема богати и сиромаси, едно лепче ќе се делит на сите, не ќе има гладни, не ќе има жедни, власт народна човече. Човекот ќе дојде на своето место, на прво место човекот, разбираш, да си биде тоа што си е од природата, човек. [1]

Чинго во драмата Образов на еден многу суптилен начин го претставил расцепот кој настанал помеѓу тогашните македонски истакнати политичари и дејци. Низ монологот на Кудрев, млад уметник и бунтовник, син на партизански командант, Чинго го изразил догматизмот и сталинизмот, ограничувањето на слободата на мисла и газење по човечноста.

Таткото на Курдев бил легендарен партизански командант, но бил оставен ранет од соборците, а потоа бил убиен во окупаторска болница. Младиот уметник не може да се помири со фалсификуваниот извештај за смрта на неговиот татко, трага по вистината која никој не смее јавно да ја каже. Неможејќи да се помири со таквата реалност, низ еден револт извикува:

Светот е полн со страв! Проклет страв!... Човекот е останат без вистинска поткрепа, се чуствува давеник!... а потоа се прашува како може таквиот човек да биде слободен и еднаков со сите тие клучари како Свети Петар се заковале на рајските врати и пуштаа и не пуштаат, ја мерат душата и ја премеруваат, точат, преточуваат, на грамови го разделуваат човекот... ти одредуваат местенце, кафез, говорат - живеј, слободно живеј! Си го почуствувал ли тој мраз...[2]

Библиографија[уреди]

  • „Пасквелија“ (раскази, 1961)
  • „Семејството Огулиновци“ (раскази, 1965)
  • „Нова Пасквелија“ (раскази, 1965)
  • „Сребрени снегови“ (роман за деца, 1966)
  • „Пожар“ (раскази, 1970)
  • Големата вода“ (роман, 1971)
  • „Жед“ (сценарио, 1971)
  • „Поле“ (сценарио, 1971)
  • „Образов“ (драма, 1973)
  • „Ѕидот, водата“ (драма, 1976)
  • „Вљубениот дух“ (раскази, 1976)
  • „Кенгурски скок“ (драма, 1979)
  • „Макавејските празници“' (драма, 1982)
  • „Накусо“ (раскази, 1984)
  • „Пчеларник“ (сценарио, 1988)
  • „Гроб за душата“ (раскази, 1989)
  • „Бабаџан“ (роман, 1989)
  • „Бунило“ (раскази, 1989)

Награди[уреди]

Во чест на Чинго[уреди]

Во чест на Чинго од 1988 година во неговото родно место се одржуваа манифестацијата „Денови на Живко Чинго“. Во текот на манифестацијата се доделува Наградата Живко Чинго за најдобрар расказ [3].

Извори[уреди]

  1. Живко Чинго, Последниот расказ од војната, Нова Пасквелија, Култура, Скопје, 1964
  2. Живко Чинго, Образов, Драми, Мисла, Скопје, 1989
  3. КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР РАСКАЗ ВО ЧЕСТ НА ЧИНГО

Надворешни врски[уреди]