Владо Малески
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Владо Малески | |
| македонски писател, општествено-политички работник и револуционер | |
| Роден/а | 5 септември 1919 Струга |
|---|---|
| Починал/а | 23 септември 1984 Струга |
| Занимање | писател, издавач и дипломат |
Владо Малески (Струга, 5 септември 1919 - Струга, 23 септември 1984) бил истакнат македонски писател, општествено-политички работник, издавач и револуционер. Основно образование завршил во Скадар, Албанија, а гимназија во Битола. Студирал на Правниот факултет во Белград, но поради војната ги прекинал студиите. Бил учесник во НОБ на Македонија и е еден од најталентираните основоположници на современата македонската проза. Бил директор на Радио Скопје и уредник на списанијата „Нов ден“, „Современост“ и „Разгледи“. Работел во дипломатската служба (амбасадор во Либан, Етиопија и Полска) и бил член на Претседателството на СРМ. Станал член на ДПМ во 1946 година. Автор е на текстот на македонската химна Денес над Македонија. Исто така, автор е на сценариото за првиот македонски игран филм „Фросина“. Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „4 Јули“, „АВНОЈ“, за книжевен опус на издавачкото претпријатие „Мисла“ и „Рациново признание“.
Литературно творештво[уреди]
- Ѓурѓина алова (раскази, 1950)
- Бранувања (раскази, 1953)
- Она што беше небо (роман, 1958)
- Војната, луѓе, војната (роман, 1967)
- Разбој (роман, 1969)
- Разгледи (статии, коментари, полемики, 1976)
- Кажувања (раскази, 1976)
- Записи на Езерко Дримски (роман, 1980)
- Јазли (роман, 1990)

