Рајко Жинзифов
| Рајко Жинзифов | |
| македонски писател | |
| Роден/а | 15 февруари 1839 Велес, денес Република Македонија |
|---|---|
| Починал/а | 1877 Москва, Русија |
Рајко Жинзифов (роден како Ксенофон Ѕинѕиф) (Велес, 15 февруари 1839 - 15 февруари 1877, Москва) бил познат влашки македонски преродбеник и дводомен писател. Тој бил сестран деец - публицист, преведувач и собирач на народно творештво.
Содржина |
Биографија [уреди]
Роден во Велес во влашко гркоманско семејство по потекло од Москополе (јужна Албанија), а доселено во Велес од Битола. Татко му Јоан Ѕинѕиф имал завршено медицински факултет во Атина, но работел како грчки фанариотски учител во Велес.
Во почетокот на 1856 година се вработил во Прилеп како помошник-учител на Димитар Миладинов. Работата како учител подоцна ја продолжил во градот Кукуш, каде заедно со Димитар Миладинов развиле голема преродбенска дејност.
Подоцна заминал за Русија и се запишал на Историско-филозофскиот факултет во Москва. Таму се движел во кругот на македонските студенти и, покрај учењето, се занимавал и со писателска, преведувачка и публицистичка дејност.
Рускиот период [уреди]
Во Русија заштита му пружа пред него дојдениот Константин Миладинов, кој му е и прв толкувач на руската атмосфера. Осумнаесетте последни години од својот живот, Жинзифов ги поминал во борба со немаштијата како емигрант во Русија. Неговото познанство со двајцата браќа Миладиновци резултира со пишување на нивната биографија. Уште во московскиот седмичник „Ден“, во броевите од 17 ноември до 1 декември 1862 година, под псевдоним „Велешанин“, ги печател своите сеќавања за двајцата браќа стружани, во форма на впечатоци и спомени од личните контакти.[1] Во Москва, во 1863 година ја издал својата прва и единствена стихозбирка која содржи негови песни, како и препеви од руски, украински и чешки јазик.
По завршувањето на универзитетот, се вработува како професор по старогрчки јазик во една од московските гимназии. Продолжува со книжевна дејност, но главно со превод и публицистика, а соработува и со руски, словенофилски и бугарски списанија од Цариград.
Поетска активност [уреди]
Жинзифов пишувал песни од кои посебно се значајни „Глас“ и „На Велигден“. Тој ја напишал и поемата „Крвава кошула“, која е издадена во 1870 во Браила, Романија на македонски јазик. Современиците на Жинзифов сметаат дека оваа поема ја напишал уште во Македонија, некаде во 1857 година. Во поемата се осудува турската тиранија и се опишува неподносливиот живот на нашите луѓе под турско ропство.[2] Пишувана под силно влијание на украинските песни на Тарас Шевченко, поемата „Крвава кошула“ опишува вистинска случка за една мајка која откако Турците ѝ го убиле единствениот син, ја донесла неговата крвава кошула в град да ја покаже на народот во црковниот двор.
Во 1867 година ја издава мистификацијата на Верковиќ и Гологанов на руски јазик.
Тој исто така го напишал и првиот расказ во нашата литература под наслов: "На Прошедба".
Рајко Жинзифов бил соработник на бугарските весници: „Дунавска зора“, „Македонија“, „Слобода“, „Бугарска пчела“, „Век3, „Време“ и на списанијата „Читалиште“, „Периодическо списание“, „Бугарски книжици“ и др.
Во Бугарија почитуван како бугарски преродбеник и уметник. Во своето творештво, Жинзифов се нарекува Бугарин, а Македонија - бугарска земја[3][4][5][6][7].
Рајко Жинзифов секогаш се спротивставува на елинизацијата на населението во Македонија.
Творештво [уреди]
Поеми [уреди]
Стихотворби [уреди]
- Глас
- Охрид
- Просјак
- Молитва - препев.
- Доба
- Гарван
- Брату си
- Недопејана песња
- До б’лгарската мајка
- Стихотворение
- Близ реката Вардар
- Сељанка
- После смртта на Н. Огњанов
- Европеизмот во Шумен
- На младенецот а...
- Белграду
- Жалба
- Таен глас
- Гулаб
- Питање и одговор
- ***
- Гусљар в собор
- Сон
- Молитва
- На чуждина
- Млади години
- На другоземецот
- Вдовица
- Разговор со сонцето
- Безсоница
- На Велигден
- Сам себе си
- Песња
- Одзив кон певецот
- До мајка ми
- Град
- Нова година
- Певец пред смртта си
- Послание
Раскази [уреди]
Надворешни врски [уреди]
- Биографија на Рајко Жинзифов
- Рајко Жинзифов
- Рајко Жинзифов, Творештво (бугарски)
- Рајко Жинзифов во Русија, (руски)
Извори [уреди]
- ↑ Гане Тодоровски, „Македонската книжевност во 19 век“, стр. 35, Скопје, 1990 г.
- ↑ Александар Спасов, Поезијата на Рајко Жинзифов, „Трудови“, год. 1, бр. 1-2, Скопје, 1960 г.
- ↑ Жинзифов, Р., Крвава кошула, 1870
- ↑ Жинзифов, Р., Гулаб
- ↑ Жинзифов, Р., Питање и одговор
- ↑ Жинзифов, Р., Гусљар в собор
- ↑ Жинзифов, Р., Вдовица