Гоце Смилевски

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


Гоце Смилевски
Роден(а) 1975
Скопје, Македонија Македонија
Значајни дела Разговор со Спиноза, Сестрата на Зигмунд Фројд
Награди Роман на годината
(Разговор со Спиноза) [1]
Награда за литература на ЕУ (Сестрата на Зигмунд Фројд) [2]

gocesmilevski.com

Гоце Смилевски (Скопје, 1975) е македонски писател[3].

[уреди] Биографија и творештво

Гоце Смилевски е роден во Скопје, 1975 год. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје. Образованието го продолжил на Карловиот универзитет во Прага и на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта. Во 2000 година „Сигмапрес“ од Скопје го објави неговиот роман Планетата на неискуството. За романот Разговор со Спиноза (2002) ја добил наградата „Роман на годината“ на Утрински весник. За романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ во 2010 година ја доби Наградата за литература на Европската Унија. Правата за објавување на романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ се откупени од издавачи од Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Франција, Шпанија, Италија, Португалија, Бразил, Холандија, Србија, Хрватска, Бугарија, Израел, Унгарија, Норвешка, Данска, Турција, Словенија и Чешка. Во 2011 година, на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, ја добил наградата за драмски текст, за претставата „Спиноза“, во продукција на Мал Драмски Театар - Битола и Драмски Театар - Скопје.


.

[уреди] Наводи

  1. Дискретниот шарм на романот - Тони Димков
  2. Дополнето издание на „Сестрата на Зигмунд Фројд“ од Смилевски
  3. Republička zaednica na kulturata (2007). „Sovremenost: literatura, umetnost, opštestveni prašanja“ (55 издание). Kn-vo "Kočo Racin". 
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици