Унгарија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Унгарија
Magyarország
Знаме Грб
Геслонема
Историски Cum Deo pro Patria et Libertate (Латински, Со помош на Господ за татковината и слободата) или Regnum Mariae Patronae Hungariae (Латински, Кралството на Марија, патронот на Унгарија)[1]
ХимнаХимна („Isten, áldd meg a magyart“)
(„Боже, благослови го Унгарецот“)

Местоположбата на  Унгарија  (темно зелена)– на Европскиот континент  (светло портокалово и темно портокалово)– во Европската Унија  (светло портокалово)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Унгарија  (темно зелена)

– на Европскиот континент  (светло портокалово и темно портокалово)
– во Европската Унија  (светло портокалово)  —  [Легенда]

Главен град
(и најголем)
Будимпешта
47°26′ СГШ 19°15′ ИГД / 
Службен јазик Унгарски (Magyar)
Народности  95% Унгарци, 2% Роми, 3% останати помали групи
Демоним Унгарци
Уредување Парламентарна република
 -  Претседател Пал Шмитт
 -  Премиер Биктор Орбан
Основање
 -  Основање на Унгарија 896 
 -  Призната за Царство - Прв крал: Стефан I на Унгарија 1000 декември 
 -  Моментално трета република 23 октомври, 1989 
ЕУ пристапила 1 мај, 2004
Површина
 -  Вкупна 93.030 км2 (109)
 -  Вода (%) 0.74%
Население
 -  проценка за 2008 февруари 10,034,000[2] (79)
 -  Попис 2001 10,198,315 
 -  Густина 109 жит/км2 (95)
БДП (ПКМ) проценка за 2008
 -  Вкупен $199.395 милијарди[3] (43)
 -  По жител $19,829[3] (IMF) (39)
БДП (номинален) проценка за 2008
 -  Вкупно $164,339 милијарди[3] 
 -  По жител $16,343[3] (IMF) 
Џини (2008) 24.96 (low) (3)
ИЧР (2007) 0.877 (high) (36)
Валута Форинта (HUF)
Часовен појас CET (UTC+1)
 -  (ЛСВ) CEST (UTC+2)
Датумски формати yyyy.mm.dd,
yyyy.mm.dd (CE)
Се вози на десно
НДД .hu1
Повик. бр. 36
1. Се користи и .eu како дел од Европската Унија.

Унгарија (унгарски: Magyarország) е држава во Средна Европа, што се граничи со Австрија, Украина, Романија, Србија, Хрватска, Словенија и Словачка. Локално е позната како Земја на Унгарците. Главен град на Унгарија е Будимпешта. Химна на Унгарија е Isten, áldd meg a magyart (Боже, благослови го Унгарецот).Во Унгарија живеат околу 10 241 000 жители на територија од околу 93 000 км2.

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Унгарија.
Круната на Свети Стефан Унгарски.

Денешната територија на Унгарија во стариот век била провинција Панонија, дел од Римската империја. Во 4 век на таа територија се населиле Хуните под водство на Атила. Покасно таа територија ја населиле и германски племиња. По Германците дошле и Аварите и Словените, што покасно резултирало со доаѓање на Угрите, односно денешните Унгарци. Угрите се населиле во 896 година.

Во 1001 година Унгарците го прифатиле христијанството и кнезот Иштван I се крунисал во крал. Во 1526 година за време на Мохачката битка Турците издвоиле победа над Унгарија и со тоа престанала да постои како држава. Територијата на Унгарија била поделена на три дела од кои: еден дел целосно потпаднал под власт на Турција, друг под власт на Хабсбуршка монархија и третиот бил полунезависна држава во вазалски однос со Турција. Кон крајот на 17 век сите три дела биле дел од Хабсбуршката монархија и тогаш Унгарците ја менуваат религијата прифаќајќи го лутеранството и калвинизмот.

Во 1848 година Унгарците дигнале востание против Монархијата за национални права, но не успеале во тоа. По востанието политиката на монархијата кон Унгарците се менува и тогаш е формирана Австроунгарија.

Во Првата светска војна Австроунгарија била дел од Силите на оската заедно со Германија и Италија. Кога Австроунгарија ја изгубила војната, државата се поделила на два дела: Австрија и Унгарија, додека делови потпаднале во рамките на Југославија, Романија и Чехословачка.

Во Втората светска војна Унгарија повторно ја подржала Германија и тогаш по втор пат ја загубила војната. По војната Унгарија била под раководство на Комунистичката партија на Унгарија и од 1990 година е демократско повеќепартиско општество.

Географија и клима[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Унгарија.
Карта на Унгарија.

Околу половина од територијата на Унгарија е составена од рамница, поточно од Панонската низина. Највисоката надморска висина на Унгарија во рамницата е 183 метри.

Трансданубија е ридски предел и има мали планини. Овие се најисточните точки на Алпите на запад, Средните планини во центрот и Мешек планините на југ. Највисок врв во овој регион е Ирот ко со висина од 882 метри.

Највисоките и најголемите планини во Унгарија се Карпатите кои се наоѓаат во северна Унгарија, на словачката граница. Највисок врв е Кекеш со 1.014 метри.

Унгрија е поделена на два дела од реката Дунав. Покрај Дунав во Унгарија течат и Драва и Тиса и езерото Балатон. Климата на Унгарија е континентална.

Политички систем[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политики на Унгарија.
Унгарскиот парламент.

Претседателот на Унгарија има церемонијална улога и е избран од парламентот на секои пет години. Премиерот е избран од парламентот на Унгарија и може да биде сменет само ако му се изгласа недоверба. Извршната власт, односно владата, е највисоката институција на Унгарија и премиерот е претседател на Владата. Премиерот го избира кабинетот на министри, но може истите да ги распушти. Националното собрание на Унгарија е еднодомна институција и има 386 пратенички места и се избираат на парламентарни избори за мандат од четири години.

Административна поделба[уреди]

Третата админ. поделба на Унгарија.

Административно, Унгарија е поделена на 19 региони и град Будимпешта. Овие региони се трета административна поделба на територијата на Унгарија.

Регионите понатака се поделени на подрегиони меѓу кои повторно Будимпешта е свој подрегион. Унгарија има вкупно 173 подрегиони. Овие подрегиони во 1996 година биле групирани во седум статистички региони за економски и статистички цели. Тие седум региони ја прават втората административна поделба на Унгарија.

Покрај регионите и подрегионите, во Унгарија има 23 градови кои се сметаат за посебни региони. Лидерите на овие градови имаат соодветни законски сили, но сепак градовите спаѓаат во регионот каде се наоѓаат, освен Будимпешта.

Економија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Унгарија.
Национална банка на Унгарија.

Унгарија ги одржала своите први избори во 1990 година, после комунистичкиот режим во државата и успешно ја трансформирала својата централна економија во слободен пазар. Во државата широкораспространети се странските инвестиции и странскиот посед на компании и трговско земјиште. Моментална задача на владата на Унгарија е успешно да ги спроведе економските реформи за да може во иднина да се приклучи на евро-зоната.

Унгарија постојано има раст на економија. Приватниот сектор во државата сочинува околу 80% од БНП на Унгарија. Од странските инвестиции кои се слеваат во Средна Европа, една третина одат во Унгарија. Унгарија има јака монетарна, фискална, бизнис и трговска политика со лесно инвестирање.

Официјална валута во Унгарија е унгарската форинта, но се очекува во иднина форинтата да биде заменет со евро.

Население и јазик[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Унгарија.

95% од населението на Унгарија се Унгарци со мајчин јазик унгарски. Најголеми малцински етнички заедници во Унгарија се ромите со 2.1% и Германците 1.2%. Покрај нив во Унгарија живеат и Словаци, Хрвати, Романци, Украинци и Срби. Неофицијално, Ромите сочинуваат околу 10% од населението. Со Договорот од Карловиц голем број на Германци се доселиле во Унгарија.

Официјален јазик во Унгарија е унгарски јазик.

Култура во Унгарија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Унгарија.

Културата во Унгарија има свој специфичен стил, богата со различни елементи и стилови. Поради богатата историја, унгарската култура има богата фолклорна традиција изразена во архитектурата, начинот на живот, поезија, литература и сликарство. Унгарската музика е доста богата, почнувајќи од класичната музика на Франц Лист до унгарската ромска музика и танцеви. Исто така, литературата е многу богата и шаренолика со голем број на автори меѓу кои има и светски познати писатели и поети.

Религија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Религија во Унгарија.

Мнозинството од населението на Унгарија биле христијанизирани во текот на 10 век. Првиот унгарски крал, Свети Иштван I го зел западното христијанство, иако неговата мајка, Саролт, била крстена по источниот обред. Унгарија останала претежно католичка земја до 16 век, односно до појавата на реформацијата и Лутеранството, каде калвинизмот бил прифатен од скоро цела популација. Во втората половина на 16 век, сепак, Езуитите предводени преку својата кампања на Контрареформација меѓу Унгарците, успеале ниовниот процент да го намалат. До 17 век, Унгарија веќе била католичка земја. Во некои од источните делови на земјата околу Дебрецен, сѐ уште постојат протестантски заедници. Православието во Унгарија е на религијата главно на некои национални малцинства во земјата, особено, Романци, Руси, Украинци и Срби.

Според последните податоци, 5 289 521 од населението на Унгарија се Римокатолици, 268 935 - источни католици, 15 928 - православни, 1 622 796 калвинисти, 304 705 - лутеранци, 17 705 - баптисти, 5 840 - адвентисти, 34 530 - други протестантски деноминации, 24 340 - други христијански деноминации, 12 871- евреи, 13 567 - други нехристијански деноминации, 1 483 369 - атеисти, 1 734 333- не одговориле на прашањето за нивната религиозна принадлежност.

Наводи[уреди]

Галерија[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Поврзано[уреди]