Сомбатхељ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
унг: Szombathely
мак: Сомбатхељ
Воздушен поглед

Грб
Држава  Унгарија
Округ Ваш
Површина
 • Вкупна 97,52 км2
Население (2005)
 • Вкупно 80.154 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Поштенски код 9700
Повик. бр. 94

Сомбатхељ (унгарски: Szombathely) е град во Унгарија. Градот претставува административен центар на округот Ваш, сместен во западниот дел од земјата, во близина на границата со Австрија.

Име[уреди]

Името на градот Сомбатхељ (Szombathely) потекнува од унгарските зборови szombat - „Сабота“ и hely - „место“, мислејќи се на средновековните пазари кои се одржувале во градот секоја сабота во неделата.

Германското име Steinamanger значи „камен на полето“ (Stein am Anger) и притоа се мисли на урнатините од римскиот град Саварија. Неколку историчари сметаат дека со германската верзија на името може да се однесува и на земјотресот од 458 година, кој целосно го уништил градот.

Латинското име Savaria или Sabaria доаѓа од Sibaris, латинското име за токот Ѓонѓос. Коренот на зборот е со потекло од пра-индоевропскиот збор seu, што значи „мокар/ра/ро“. Во друго јазици името на градот е: на хрватски Sambotel, на словенечки Sombotel.

Географија[уреди]

Сомбахтељ е сместен во западниот дел на унгарската држава, на местото каде Панонската низина преоѓа во брдо на Алпите, кои се наоѓаат во соседна Австрија. Во близина на градот тече реката Раба.

Историја[уреди]

Катедрала во Сомбатхељ.

Сомбахтељ е најстар град во Унгарија, формиран уште во времето на Античкиот Рим. Пред да дојдат Унгарците на овие простори, во него живееле Лангобардите и Словените. Во 10 век доаѓа до населување на Унгарицте во овие краеви, кои ги затекле словенските племиња кои во тоа време се бавеле со земјоделство.

Веќе во првите векови од владеењето на Унгарците, градот станува средиште на државатам, но во нападите кои ги извеле Монголите во 13 век, градот настратал. Во 1407 година станал главен град на округот Ваш, кој во тоа време бил во склоп на Кралството Унгарија. [1].

Развојот на градот бил повторно спречен од отоманските освојувања во Панонската низина, кога градот се наоѓал на граница, која била нестабилна и со чести конфликти и крадечки напади.

Вистинската власт на Хабзбурговците почнува после чумата 1710 год. и големиот пожар во 1716 године, кога до тогаш унгарскиот град бил населуван од 3000 Германци. 19-от век на градот му донел и подвизи, но и падови. Градот за време на тој век добил железница и прва индустрија. Но, градот и околијата многу тешко го погодила Унгарската Револуција 1848/1849.

Градот настрадал и во двете светски војни, а во 1945 година градож доживеал и тешко бомбардирање. После Втората светска војна, градот почнал повторно да цути со почетокот на брзата индустријализација. За време на 1980-тите године биле изградени и многу нови згради (градска бибилотека, затворен базен).

Последните 20 години, градот повторно оживеал, благодарени на отворањето на блиската граница кон Австрија и со тоа успева да се поврзе со државите од западот.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

47°14′ СГШ 16°38′ ИГД /