Татабања

Од Википедија — слободната енциклопедија
Tatabánya
Главниот центар на округот.
Главниот центар на округот.
Знаме на TatabányaГрб на Tatabánya
Држава Унгарија
ОкругКомаром-Естергом
Површина
 • Вкупна91,45 км2 (3,531 ми2)
Население (2012)
 • Вкупно70.003
 • Густина765,73/км2 (198,320/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски код2800
Повик. бр.34

Татабања (унгарски: Tatabánya) — град со население од 70,003 луѓе во северозападна Унгарија, во централно прекудунавскиот регион. Тој претставува главен град на округот Комаром-Естергом.

Споменикот на Турул птицата, кој се издига над градот од планините Гересе.

Географија[уреди | уреди извор]

Градот е сместен во долината помеѓу планините Гересе и Вертес, на околу 55 км од главниот град на државата - Будимпешта. Во основа поради својата местоположба градот е спој на железничкиот и патниот транспорт. Автопатот M1 (како и европските патишта E60 и E75) кој ја поврзува Будимпешта со главниот град на Австрија, Виена, како и железницата која ги поврзува овие два града поминува низ градот.

Историја[уреди | уреди извор]

Археолошките пронаоѓалиште докажуваат дека луѓето живееле на местото на денешниот град уште од камено време. Трите историски претходници на денешниот град се Алшогалала, Фелшогала и Банхида. Бенхида е најраната населба, која за првпат била спомената во 1288 година.

Комунстички згради во Татабања.

Во 16 век, Отоманците ја окупирале облсата. Околу истото време населението станало протестантско. Подоцна феудалците од куќата на Естерхазис кои владееле со областа, ја населиле со римокатотолички Германци и Словаци.

Според пописот од 1787 година, Алшогала имала 580, а Фелшогала 842 населеници. Изворите на јаглен во областа биле откриени во тоа време. Бројот на населението почан да расте и нова рударска колонија била формирана, која подоцна се развила во селото Татабања.

За време на индустријализацијата, се случил бран во земјата после Втората светска војна. Со тој бран неколку унгарски гратчиња биле претворени во индустриски градови. Четирите селца биле обединети на 1 октомври 1947 година во еден град под името Татабања. Во 1950 година станал и главен град на округот Комаром-Естергом (тогаш се викал само Комаром). Во 1980-тите веќе имал население поголемо од 80.000.

Индустрискиот карактер на градот бил значаедн сè до падот на социјалистичката влада и следните политички промени во 1989. После тоа, значењето на тешката иднустрија и рударството се намалило со што и економската структура на градот нагло се променила.

Инфраструктура[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2001, Татабања имала 28.912[1] дома и 60% имало централно греење и телефонски врски. Речиси секое домаќинство има пристап до кабловска телевизија. 98% од градските патишта се поплочени, а сообраќајот е добро организиран.

Образование[уреди | уреди извор]

Сè до средниот 20 век, образовните стандарди во градот биле на средно ниво, но во вотрата половина на векот тие се намалиле, како резултат на тоа што локалните рудници не барале нивните вработени да имаат висок степен на образование. Сепак кон крајот на 20 век, овој тренд бил повторно повратен. Градот моментално има 2 колеџа, 10 средни училипшта, 16 основни и 18 градинки.

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Најзначајна културна институција во градот е театарот Мари Јасаи. Градот има и уште неколку други институции (музеи, библиотеки.)

Татабања има фудбалски тим кој се вика ТБСЦ, кој бил создаден во 1910. Градот исто така е домаќин на успешен ракометен клуб - Татабања Карбонекс.

Туристички атракции[уреди | уреди извор]

  • Споменикот на птицата Турул, кој се издига над градот од планините Гересе., е најголемиот споменик на птица во Средна Европа.
  • Пештерата Селиум и паркот на Гересе планината се едни од популарните туристички атракции.
  • Блиските планини и села се одлично место за поминување на слободното време; соседната Тата има убаво езеро и средновековен замок.

Окрузи на градот[уреди | уреди извор]

Татабања моментално е поделен на 6 окрузи:

  • Алшогала
  • Ујварош
  • Банхида
  • Кертварош
  • Дожакерт
  • Фелшогала

Интернационални врски[уреди | уреди извор]

Побратимени градови[уреди | уреди извор]

Татабања е побратимен со:

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Tatabanya.hu, Општинско мрежно место
  • Civertan.hu, Воздушна фотографија: Татабања