Саболч-Сатмар-Берег
| Саболч-Сатмар-Берег Szabolcs-Szatmár-Bereg megye |
|
| Регион | Голема северна котлина |
| Административен центар | Њиреѓхаза |
| Површина | 5.936,45 km2 |
| Население | 571.018 (2008) |
| Густина на населението | 96,1 /km2 |
| Број на населени места | 229 |
| Веб страница | |
Саболч-Сатмар-Берег (унгарски: Szabolcs-Szatmár-Bereg) е административен округ (унгарски: megye) во североисточна Унгарија, кој граничи со Словачка, Украина и Романија. Неговите граници исто така ги дели и со унгарските окрузи Хајду-Бихар и Боршод-Абауј-Земплен. Главен административен центар на округот е Њиреѓхаза.
Округот бил создаден после Втората светска војна од претходно постоечките окрузи Сатмар-Угоша-Берег и Саболч. Пред 1991 година, округот се викал Саболч-Сатмар.
Историја [уреди]
Многуте населби, кои биле основани од страна на Унгарците на овие простори, во голема мера биле уништени од страна на Монголите за време на нивната инвазија на регионот во 1241 година. Закрепнувањето на населбите траеле со децении, а добар пример за тоа е градот Њиреѓхаза. Не после долго време од нападот на Монголите и стабилизацијата на регионот, се случиле и отоманските освојувања на просторот на Панонската низина. Отоманскиот период во Унгарија и не ги погодил многу овие краеви и денеска постојат многу стари објекти од тие и постари времиња. Еден од таквите е познатата црква Чарода, изградена во романски стил, во која има фрекси кои датираат дури од 13 век. Исто така тука спаѓаат и средновековните цркви во Њирбатор кои се целосно зачувани.
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Саболч-Сатмар-Берег“ |

