Монголци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Монголци
Monggol.svg
Монгол
YuanEmperorAlbumGenghisPortrait.jpg YuanEmperorAlbumOgedeiPortrait.jpg Sükhbaataryn Yanjmaa.jpg
Sharav dondogdulam.jpg 90x105px
Undor Gongor.jpg YesheDorje.jpg
Altan Khan.jpg Asashoryu Jan08.JPG Jügderdemidiin Gürragchaa.jpeg
Вкупно население
~10 милиони
Региони со значително население
Мнозинство
 Монголија 3,100,000 [1]
Малцинство
 Кина 5,810,000 [2]
 Русија 621,827 [3]
 Јужна Кореја 34,000 [4]
 САД 15,000–18,000 [5]
 Чешка 7,515 [6]
 Јапонија 5,401 [7]
 Германија 3,852 [7]
 Велика Британија 3,701 [7]
 Франција 2,859 [7]
 Турција 2,645 [7]
 Казахстан 2,523 [7]
Јазик

монголски јазик, кинески јазик и руски јазик

Религија

Доминантно тибетски будизам

Сродни народи

Даури, Монгуори и Турко-монголски народи


Монголци (монголски: Monggol.svg Mongɣul; кирилица: Монгол) се монголски народ што живеат во Монголија, НР Кина (Внатрешна Монголија), Русија и Киргистан. Монголците зборуваат на монголски јазик, официјалниот јазик на Монголија.

Дефиниција[уреди]

Монголскиот народ, грубо може да се подели на две подгрупи: источни и западни монголци. Во поширока смисла, со поимот „монголски народ“ се означува секое население што зборува еден од монголските јазици.

Името „монголци“ за прв пат се појавило во 8 век во записите на кинезите. На почетокот со тој поим се означувало мало и незначително племе што живеело во регионот околу реката Онон. Во 13 век, со терминот почнало да се означува поголема група на монголски и турски племиња обединети и управувани од Џингис Кан. [8]

Точното потекло на монголските јазици не е познато.

Распространетост[уреди]

Денес, монголците живеат во Монголија, Кина, Внатрешна Монголија, Русија и неколку останати азиски земји.

Називот на населението и на племињата се различни во зависност од земјите. Тумеди, чахарци, ордоси, баргути, бурјати, дорбеди, торгуди, дариганганци, уземчинци, бајиди, хотон, мјангад, захчинци, дархади, и ојрати се сите називи за монголски племиња.


Монголија[уреди]

Населението на Монголија се состои од 92.6 % монголци, поточно 2.7 милиони луѓе. Помеѓу нив, халха, уријанхај и бурјатите се бројат како источни монголци. Ојратите се вбројуваат во западни монголци.

Кина[уреди]

Кинескиот попис од 2000 година покажа дека во НР Кина живеат 5.8 милиони монголци. Најмногу од нов живеат во Внатрешна Монголија, потоа во Лијаонинг провинцијата. Мали монголски заедници можат да се пронајдат и во покраините што се граничат со овие две.

Русија[уреди]

Во Русија, бурјатите се сметаат за дел на монголците. Западните монголци како што се ојратите живеат во Калмикија и сочинуваат 53.3 % од населението. [9]. Алтајскиот народ се етнички монголци, но зборуваат турски јазик. Тие бројат милион луѓе.

Наводи[уреди]

  1. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/mg.html
  2. The Mongolian Ethnic Group (China.org.cn June 21, 2005)
  3. 2,656 Mongols proper, 445,175 Buryats, 173,996 Kalmyks (Russian Census (2002))
  4. 'Korean Dream' fills Korean classrooms in Mongolia“, „The Chosun Ilbo“, 2008-04-24, http://english.chosun.com/w21data/html/news/200804/200804240009.html, конс. 6 февруари 2009 [мртва врска]
  5. Bahrampour, Tara. „Mongolians Meld Old, New In Making Arlington Home“, The Washington Post, 3 јули 2006 (конс. 5 септември 2007).
  6. Latest numbers show 7,500 Mongolians working in Czech Republic“, „Mongolia Web“, 2008-02-19, http://www.mongolia-web.com/content/view/1630/2/, конс. 4 октомври 2008 
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 Mongolia National Census 2010 Provision Results. National Statistical Office of Mongolia (in Mongolian.)
  8. „Mongolia: Ethnography of Mongolia“. Encyclopædia Britannica. http://www.britannica.com/eb/article-27420/Mongolia#394579.hook. конс. 22 јули 2007. 
  9. „Kalmyks“. World Directory of Minorities and Indigenous Peoples. 2005. http://www.minorityrights.org/?lid=2497. конс. 18 мај 2008. 

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]