Историја на Монголија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Историја на Монголија
Mongol dominions1.jpg
Пред Џингис Кан
Монголска Империја
Ханати
- Чагатај Ханат
- Златна Орда
- Илханат
- Јуан Династија
Тимурид Империја
Мугал Империја
Кримски Ханат
Сибирски Ханат
Ѕунгари
Кинг Династија (Монголија за време на Кинг)
Република Кина
Монголска Народна Република (Надворешна Монголија)
Модерна Монголија
Менгџијанг (Внатрешна Монголија)
Народна Република Кина (Внатрешна Монголија)
Бурјатска Монголија
Калмичка Монголија
Хазара Монголци
Ајмачки Монголци
Хронологија
edit box



Територијата на Монголија била владеана од различни номадски империи, вклучувајќи ги и Ксионгу, Руран, Ксијанбеј, Гоктурките и други. Монголската империја била основана од Џингис Кан во 1206. По распадот на Јуанската Династија, монголците се вратиле на старите начини на организирање на својот општествен живот. Во 16 век и 17 век, Монголија подпаднала под влијание на тибетскиот будизам и станала државна и национална религија во Монголија и на монголците. Во 17 век, голем дел од монголците и монголската територија подпаднале под власта на династијата Ќинг сѐ со 1911 година кога Монголија прогласила независност. Новата монголска држава стекнала меѓународно признавање во 1945 година. Како последица на својата самостојност, Монголија станала поволна почва за навлегување на руското влијание во земјата. Како последица на руското, односно Советското влијание, се оформила новата Монголска Народна Република. Со новото комунистичко уредување, Монголија станала советски партнер и силен подржувач на советската политика. Така страело сѐ до распадот на комунизмот во Советскиот Сојуз. Во 1990 се одржала Демократската Револуција што довело до воведување на повеќепартискиот систем и во 1992 година Монголија добила нов устав и нова либерализирана пазарна економија.

Содржина

[уреди] Праисториски период

Пештерски цртежи во Монголија

Монголија била населена повеќе од 800.000 години. Значајни праисториски локалитети се палеолитските пештерски цртежи на Хојд Ценхерин Агуј во Ховд Провинција[1]. Исто така познат локалитет е и Цаган Агуј во Бајанхонгор Провинција.

Неолитски населби биле пронајдени во Дорнод Провинција. Подоцна, се пронајдени и населени места од бакарната доба и локалитетите се пронајдени во западна Монголија[2].

За време на бронзената доба, западна Монголија била под влијание на карасукската култура. За тоа сведочат голем број пронајдоци што датираат од 7 и 8 век п.н.е. Исто така се пронајдени и локалитети и пронајдоци од железната доба што датираат од 5 до 6 век п.н.е.[3]

[уреди] Пред-монголски период

Политички важна, Монголија, станала после воведувањето на железното оружје во 3 век п.н.е. Општо гледано, во тој период Монголија имала слична историја со останатите степски пространства помеѓу Сибир во северна Русија и НР Кина на југ. Овие степи најчесто биле население од номади, понекогаш обединети во конфедерации од различна големина. Овие номади обично чувале животни и тргувале со нив. Со тек на времето, овие номадски заедници почнале да стануваат закана за Кина, Централна Азија а подоцна и за Европа. Монголците, во текот на нивната историја, се фокусирале на Кина и инвазија врз Кина.

[уреди] Периодот за време на Хуну

Азија за време на раната Хуну држава во 200 п.н.е.

Основањето на Хуну државата (Хүн улс) во Монголија во 3 век п.н.е. го обележува зачетокот на државотворноста на Монголија. Основачот на хунската империја бил Тумен. Тој бил насилно наследен од неговиот син Моду Шанју. Тогаш тој ги освоил и обединил неколку различни племиња. На врвот на својата сила, хунската конфедерација се протегала од Бајкалското Езеро на север, Кинескиот Ѕид на југ, до Тијан Шан планините на запад па се до планинскиот масив Хинган на исток.

Во 200 п.н.е. династијата Хан од Кина испратила воена кампања на територијата за да го присвои ханатот. Како и да, силите на ханот и воената формација издржале седум дена од воениот притисок. Императорот Гао бил принуден да се предаде и бил потпишан договор во 198 п.н.е. со кој териториите северно од Кинескиот Ѕид требало да припаднат на Хуну ханатот а териториите јужно од Кинескиот Ѕид да подпаднат под власта на династијата Хан. Исто така, Императорот на династијата Хан бил приморан да се ожени со принцеза од Хуну и да плаќа пари на тоа племе. Хуну издржале така се до доаѓањето на императорот Ву на власт во Кина кога ги уништил.

Сјанбеите кои биле под власт на Хуну се побуниле во 93 п.н.е. со што завршила доминацијата на Хуну во Монголија. Жижи Чанју, лидерот на северен Хуну се движел кон запад со неговиот народ, оснивајќи ја Големата Миграција. Неговите следбеници и наследници се префрлиле во Европа во 5 век предводени од Атила и биле познати како Хуни.

[уреди] Периодот на Сјанбеите

Азија за време на периодот на сјанбеите.

Сјабнеите (Сүмбэ улс буюу Сяньби) се стекнале со сила и моќ од првиот век и биле обединети во држава под водство на Таншихуаи во 147. Тој ги избркал хуну од Џунгарија и ги избркал Динглините на север од Сајаните, и со тоа обезбедил сигурна диминација на териториите на Монголија. Сјанбеите успешно се одбраниле од нападите од династијата Хан во 167 и ги освоиле териториите на Северна Кина во 180.

Бладетелот на сјанбеите се избирал преку конгрес од благородници.

Тоба, дел од сјанбеите, основал империја наречена Тоба Веи во Монголија и северна Кина во 386. Тоба Веи постоела се до 581. Има повеќе хипотези за нивниот јазик и етничката припадност меѓу кои:

  • Првата и најмногу прифатливата хипотеза сугерира дека сјанбеите биле монголско племе и многу денешни монголски етнички групи се директни насленици од нив.
  • Втората хипотеза вели дека сјанбеите биле тунгуски народ.
  • Третата хипотеза вели дека сјанбеите се заеднички предок на монголците и тунгусците.

[уреди] Џуџан период

Азија за време на Џуџаните во 500.

Друга гранка на народ одделен од сјанбеите биле Џуџанците (Нирун улс буюу Жужань) и била обединети од страна на Мугулју. Шелун ја превзел титулата Каган во 402 година и со тоа територијата ја означил како Џуџански ханат. Тоба водела повеќе војни против џуџанскиот ханат. Алтајските турци се побуниле во 552 и со тоа го основале Турскиот Ханат. Џуџанскиот ханат бил конечно поразен во 555 од турците. Дел од Џуџенскиот ханат останал на територијата на денешна Монголија. Делот што останал во Монголија станал потомок ма татарските племиња.

[уреди] Турскиот период

Азија за време на Турскиот Ханат, 600.

Алтајските турци (Алтайн түрэг, Орхон Түрэг, Хөх Түрэг) чиј јазик припаѓал на огуската подгрупа на турските јазици биле народ кој дигнале побуна за џуџенскиот ханат во 552. Востанието било предводено од Буман кој станал основач на турскиот ханат. Кинеската династија Ки и Жу се предале во 570 година и станале дел од турскиот ханат. Како и да е, ханатот бил поделен на два дела во 590 година на Источен и Западен турски ханат. Династијата Суи од Кина го нападнала Турскиот Ханат во 615 година. Внатрешните немири во турскиот ханат бил добар повод за повторен напад од Кина, овој пат од династијата Танг во 630 кога и ханатот бил под владеење на кинезите. Подоцна се кренал повторен револт од алтајските турци во 680 година и довело до вособнување на турскиот ханат.

[уреди] Ујгурски период

[уреди] Хитански период

[уреди] Видете исто така

[уреди] Наводи

  1. Eleanora Novgorodova, Archäologische Funde, Ausgrabungsstätten und Skulpturen, in Mongolen (catalogue), pp. 14-20
  2. Eleanora Novgorodova, Archäologische Funde, Ausgrabungsstätten und Skulpturen, in Mongolen (catalogue), pp. 14-20
  3. Eleanora Novgorodova, Archäologische Funde, Ausgrabungsstätten und Skulpturen, in Mongolen (catalogue), pp. 14-20

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици