Кинески Ѕид
Од Википедија, слободна енциклопедија
| Државна странка | |
| Тип | Културно |
| Критериуми | i, ii, iii, iv, vi |
| Идентификација | #438 |
| Регионб | Тихоокеанска Азија |
|
Записно минато |
|
| Формален запис: | 1987 11то заседание |
|
а Име според официјален запис на листата |
|
Кинески Ѕид (традиционално: 長城; упростено: 长城; пинјин: Chángchéng; буквално "долг ѕид") или (упростено: 万里长城; традиционално: 萬里長城; пинјин: Wànlǐ Chángchéng; буквално "Долгиот ѕид од 10,000 Ли) (里)" претставува серија од камени и земјени утврдувања во Кина градени, преградувани и одржувани помеѓу 5 век п.н.е. и 16 век, чија цел била заштита на северните граници на Кинеската империја за време на владеењето на последователните династии. Кинескиот ѕид е најголемата градба на светот. Се протега од средна Азија до Жолто море со должина од 2450 километри, со висина од 10 до 16 метри, ширина од 8 метри. Овој ѕид претставува и најдолгиот ѕид на светот и најголем одбранбен објект. Почетокот на изградбата на Кинескиот ѕид се поврзува со Чин Шихуанга кој неговото градење го започнал се со цел да се одбрани од варварските племиња –номади.
Граден е од земја, камења и цигли а неговата градба траела се до 17 век.
[уреди] Кинескиот Ѕид денес
Во денешно време, Кинескиот ѕид претставува најголема туристичка атракција во Кина па и во светот. Туристите од целиот свет ја рангираат на првото место според бројот на посетеноста. Со основањето на Народна Република Кина биле превземени мерки за заштита на ѕидот. Тој бил поставен под заштита на државата во 1961 година. Неговата реконструкција најмногу траела во Ба-да-линг. Во 1987 година е внесен во списокот под Унеско. Кинескиот Ѕид е една од постоечките мегаструктури и најдолгата структура изградена од човекот, протегајќи се од преку 6,400 km на исток до Лоп Нур на запад. Тој е и најголемата структура конструирана од страна на човекот. На 7 јули 2007 гoдина Кинескиот ѕид е прогласен за едно од новите седум светски чуда.

