Стандарден мандарински јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Стандарден мандарински
普通話 / 普通话 Pǔtōnghuà
國語 / 国语 Guóyǔ
標準華語 / 标准华语 Biāozhǔn Huáyǔ
現代標準漢語 / 现代标准汉语 Xiàndài Biāozhǔn Hànyǔ
Застапен во НР Кина, Тајван, Сингапур
Јазично семејство
Статус
Службен во  Кина
 Република Кина
 Сингапур
Регулативен орган НР Кина: Национален јазичен регулативен комитет[1]
Тајван: Национален јазичен комитет
Сингапур: Совет за промовирање на мандаринскиот јазик/Кампања „Говорете мандарински“[2]
Јазични кодови
ISO 639-3
Карта на источна Кина и Тајван, историската распределеност на мандаринскиот со светлокафено. Стандардниот мандарински се темели на пекиншкиот дијалект на мандаринскиот јазик.

Стандардниот мандарински (локално познат под разни изворни називи) е службен кинески јазик во денешна НР Кина и Тајван, и еден од четирите слуижбени јазици на Сингапур.

Фонологијата на стандардниот мандаринскиот јазик се заснова на пекиншкиот дијалект на мандаринскиот јазик, голема и разнолика група од кинески дијалекти што се говорат ширум северна, средна и југозападна Кина. Лексиконот е составен главно од оваа група дијалекти. Граматиката е стандардизирана во согласност со современите книжевни дела напишани на книжевен кинески јазик, кој во практика ги следи истите норми како мандаринските дијалекти, со извесни значајни исклучоци. Како резултат на ова, во секојдневната неакадемска употреба, самиот стандарден мандарински се нарекува само „мандарински“. Меѓутоа, лингвистите користат „мандарински“ за целата јазична група.

Изворни називи[уреди]

Официјално, стандардниот мандарински се нарекува:

Во останатите делови од светот трите називи се употребуваат наизменично во различен степен, со тоа што најчест е Путунгхуа. Понекогаш се нарекува и современ стандарден кинески 現代標準漢語 / 现代标准汉语.

Фонологија[уреди]

Инвентарот на фонеми на стандардниот мандарински јазик се состои од околу 24 согласки, од кои само /n/, /ŋ/, и под извесни околности /ɻ/ се јавуваат во слоговниотзавршеток (кодата); околу 6 самогласки, дифтонзи и трифтонзи; и четири тонови.

Стандардниот мандарински и пекиншкиот дијалект[уреди]

Иако се заснова на пекиншкиот дијалект, поради развојот во стандардизацијата, стандардниот мандарински повеќе не е истоветен со него. Делумна причина за ова е начинот на стандардизација - со време стандардниот говор е адаптиран да покрива поголема лексичка шема и поархаичен изговор и лексикон. Подрачјето околу Пекинг, особено градовите Ченгде и Шеџаџуанг во соседната покраина Хебеј говорат облик на мандарински кој е најблизок до наполно стандардизираниот вид. Ова е обликот што се говори на телевизија и на радио.

Според официјалното толкување во НР Кина, стандардниот мандарински ја употребува:

  • Фонологијата или гласовниот систем на Пекинг. Постои разлика помеѓу гласовниот систем на еден дијалект или јазик и фактичкиот изговор на зборовите во тие рамки. Не сите одбрани зборови во стандардниот мандарински како стандарден говор, звучат исто како во пекиншкиот дијалект. Нивниот изговор е избран при стандардизација, а постојат и некои разлики во стандардизацијата (не акцентот), на пр. помеѓу Путунгхуа Гуоји.
  • При течен разговор, лесно е да се воочи разликата помеѓу пекиншкиот говор и стандарднио мадарински. Во Пекинг се зборува стандарден мандарински со елементи од локалниот дијалект, исто како во другите региони.
  • Лексиконот на мандаринските дијалекти воопшто. Ова значи дека се исклучени сите сленгови и други регионални зборови. Од една страна, лексиконите на сите кинески дијалекти, особено техничките како научниот, правиот и управниот се мошне слични. (Како што европските јазици изобилуваат со латински и грчки поими) Ова значи дека голем дел од лексиконот на стандардниот мандарински е заеднички за сите дијалекти. Од друга страна пак, голем дел од колоквијалниот лексикон и сленгот во пекиншкиот дијалект не го наоѓаме во стандардниот мандарински, и не е разбирлив за луѓето што не се од Пекинг.
  • Граматиката и примената од современата кинеска книжевност, како делата на Лу Сјин, збирно наречени книжевен кинески јазик („бајхуа“). Книжевниот кинески, кој претставува стандарден пишан облик на современиот кинески јазик, и послободно се темели на северната (претежно), јужната и класичната граматика и примена. Со ова, формалната структура на стандардниот мандарински е малку поразлична од уличниот пекиншки говор.

Теоретски, Кина и Тајван го утврдуваат стандардиот мандарински на свој начин, но во пракса разликите се ситни, и главно се состојат од тонови и мал број на зборови.

Говорниците на стадардниот мандарински без проблем го разбираат пекиншкиот дијалект бидејќи се заснова на тој говор. Во Пекинг се додава наставката „ар“ (/ɻ/), како наставка за деминутив и користат понеутрални тонови во говорот. На пример: стандардното мен (врата) во Пекинг е менр. СО ова пекиншкиот дијалект е покарактеристичен од стандардниот мандарински во другите региони. Овој дијалект е познат и по богатството од колоквијализми и идиоми.

Иако постои јасна разлика помеѓу стандардниот мандарински и пекиншкиот дијалект, извесни аспекти од овој дијалект со време влегле во стадардниот говор. Во стандардниот мандарински има персирање, што доаѓа од пекиншкиот дијалект, но во секојдневниот говор неговата употреба е значително намалена. Покрај ова, стандардниот говор разликува „цанмен“ (ние, вклучувајќи го слушателот) и „уомен“ (ние без слушателот). Во практика, вон Пекинг не се прави оваа разлика.

Еве некои пекиншки изрази кои сè уште не се прифатени во стандардниот мандарински:

  • 倍儿: bèir = „многу“; 拌蒜: bàn suàn = „стаписа“; 不吝: bù lìn = „не бери гале“; 撮: cuō = „јаде“; 出溜: chū liū = „се лизнува“; (大)老爷儿们儿: dà lǎo yer menr = „маж“, „машко“;

Ова се изрази од пекиншкиот дијалект кои веќе се прифатени во стандардниот говор:

  • 二把刀: èr bǎ dāo = „не баш вешт“; 哥们儿: gē ménr = „добар другар“, „побратим“; 抠门儿: kōu ménr = „скржав“, „стиснат“.

Чести изрази[уреди]

Македонски Кинески
(традиционално)
Кинески
(упростено)
Пинјин Макед транскр.
Здраво! 你好! 你好! Nǐ hǎo! Ни хао
Како се викаш? 你叫什麼名字? 你叫什么名字? Nǐ jiào shénme míngzi? Ни џао шенме мингѕ’?
Се викам... 我名字叫... 我名字叫... Wǒ míngzi jiào ... Уо мингѕ’ џао ...
Како си? 你好嗎?/ 你怎麼樣? 你好吗?/ 你怎么样? Nǐ hǎo ma? / Nǐ zěnmeyàng? Ни хао ма? / Ни ѕ’н м’јанг?
Добар сум, а ти? 我很好,你呢? 我很好,你呢? Wǒ hěn hǎo, nǐ ne? Уо х’н хао, ни н’?
Не сакам 我不要。 我不要。 Wǒ bú yào. Уо бу јао.
Благодарам! 謝謝! 谢谢! Xièxiè Сјесје
Нема на што! (букв. нема што да ми се заблагодаруваш!) / Молам! (букв. не биди така учтив!) 歡迎!/ 不用謝!/ 不客氣! 欢迎!/ 不用谢!/ 不客气! Huānyíng! / Búyòng xiè! / Bú kèqì! Хуанјинг / Бујунг сје! / Бу к’ чи!
Да. / Така е. 是。 / 對。 是。 / 对。 Shì. / Duì. Ш’. / Дуеј
Не. / Не е така. 不。/ 不對。 不。/ 不对。 Bù. / Bú duì. Бу. Бу дуеј.
Кога? 什麼時候? 什么时候? Shénme shíhou? Ш’н м’ ш’хоу?
Колку пари? 多少錢? 多少钱? Duōshǎo qián? Дуошао чен?
Колку е долго? 多長? 多长? Duō cháng? Дуо чанг
Можеш ли да зборуваш малку побавно? 您能說得再慢些嗎? 您能说得再慢些吗? Nín néng shuō de zài mànxiē ma? Нин ненг шуо д’ цај мансје ма?
Добро утро! / Добро утро! 早上好! / 早安! 早上好! / 早安! Zǎoshang hǎo! / Zǎo'ān! Цаошанг хао! / Цаоан!
Догледање! 再見! 再见! Zàijiàn! Цајџиен
Како се стигнува до аеродромот? 去機場怎麼走? 去机场怎么走? Qù jīchǎng zěnme zǒu? Чи џичанг ценме цоу?
Сакам да летам за Скопје на осумнаесетти. 我想18號坐飛機到斯科普里 我想18号坐飞机到斯科普里 Wǒ xiǎng shíbā hào zuò fēijī dào Sīkēpǔlǐ. Уо сјанг шиба хао цуо фејџи дао Секепули.
Колку ќе чини до Охрид? 到奧赫里德需要多少錢? 到奥赫里德需要多少钱? Dào Àohèlǐdé xūyào duōshǎo qián? Дао аохелиде сјујао дуошао чен?
Кинескиот не ми е баш добар. 我的中文講得不太好. 我的中文讲得不太好. Wǒ de Zhōngwén jiǎng de bú tài hǎo. Уо де џунгвен џанг де бу тај хао.
Ново Xīn Сјин

Поврзано[уреди]

Белешки[уреди]

Наводи[уреди]

  • Branner, David Prager (уредн.) (2006). „The Chinese Rime Tables: Linguistic Philosophy and Historical-Comparative Phonology“. Studies in the Theory and History of Linguistic Science, Series IV: Current Issues in Linguistic Theory; 271. Amsterdam: John Benjamins. ISBN 90-272-4785-4. 
  • Chao, Y.R., A Grammar of Spoken Chinese, University of California Press, (Berkeley), 1968.
  • Chen, Ping (1999). „Modern Chinese: History and sociolinguistics“. New York: Cambridge University Press. ISBN 0521645727. 
  • Hsia, T., China’s Language Reforms, Far Eastern Publications, Yale University, (New Haven), 1956.
  • Ladefoged, Peter; & Maddieson, Ian. (1996). The sounds of the world's languages. Oxford: Blackwell Publishers. ISBN 0-631-19814-8 (hbk); ISBN 0-631-19815-6 (pbk).
  • Ladefoged, Peter; & Wu, Zhongji. (1984). Places of articulation: An investigation of Pekingese fricatives and affricates. Journal of Phonetics, 12, 267-278.
  • Lehmann, W.P. (ed.), Language & Linguistics in the People’s Republic of China, University of Texas Press, (Austin), 1975.
  • Lin, Y., Lin Yutang's Chinese-English Dictionary of Modern Usage, The Chinese University of Hong Kong, 1972.
  • Milsky, C., "New Developments in Language Reform", The China Quarterly, No.53, (January-March 1973), pp. 98–133.
  • Norman, J., Chinese, Cambridge University Press, (Cambridge), 1988.
  • Ramsey, R.S.(1987). The Languages of China. Princeton, NJ: Princeton University Press. ISBN 0-691-01468-X
  • San Duanmu (2000) The Phonology of Standard Chinese ISBN 0-19-824120-8
  • Seybolt, P.J. & Chiang, G.K. (eds.), Language Reform in China: Documents and Commentary, M.E. Sharpe, (White Plains), 1979.
  • Simon, W., A Beginners' Chinese-English Dictionary Of The National Language (Gwoyeu): Fourth Revised Edition, Lund Humphries, (London), 1975.

Надворешни врски[уреди]

Македонски[уреди]

Англиски[уреди]