Пинјин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пинјин
Кинески 拼音
Шема на кинеската фонетска азбука
Традиционално 漢語拼音方案
Упростено 汉语拼音方案

Пинјин (кин. 拼音, пинјин: pīnyīn; [pʰín ín]) — официјален систем на транскрипција на кинеските знаци на латиница во Кина, Малезија, Сингапур и Тајван, а се користи и нашироко во целиот свет.[1] Честопати наоѓа примена и како помагало за изучување на кинескиот јазик, за преставување на кинески имиња и поими во други земји, но и како метод за внесување на кинеските знаци кај сметачите.

Автор на системот е Џоу Јоугуанг (р. 1906) кој го осмислил во првобитна верзија кога претседавал со комитетот посветен на романизација во рамките на владата на НР Кина во 1950-тите.[2][3] Владата го објавила системот во 1958 и оттогаш неколку пати е преработен.[4] Во 1982 пинјинот го прифатила и Меѓународната организација за стандардизација како меѓународен стандард ISO 7098.[5] Во 2009 Тајван го усвоил системот како официлен, каде се нарекува „Нов фонетски систем“.[6][7]

Пинјин е една од двете појдовни азбуки преку кои е добиена македонската транскрипција на кинескиот јазик (другата е Вејд-Џајлс).

Примена[уреди]

Пинјин ги заменил постарите системи на романизација како Вејд-Џајлс (1859; измен. 1892) и Поштенскиот систем на романизација и го заменил џујин како фонетски метод на јазилна настава во Кина. Меѓународната организација за стандардизација (ISO) го прифатила како светски стандард во 1982 (ISO 7098:1982, потоа ISO 7098:1991); а ООН го направиле истото во 1986.[8] По ова, системот го усвоиле и владата на Сингапур, Конгресната библиотека на САД, и Американското библиотекарско здружение, како и многу други меѓународни установи.[9]

Системот наоѓа примена и како лесен начин на внесување на кинески знаци кај сметачите.

Гесло во училиште што ги советува учениците да зборуваат путунгхуа. Под знаците стои пинјин, но без тонски знаци.

Децата на училиште и дома учат пинјин и така ги поврзуваат зборовите што веќе ги знаат или нови зборови во наставата.[1][10]

Истото важи и во наставата на кинески јазик за странци, каде пинјин се користи како помагало за учење на гласовите и зборовите, заедно со кинеските знаци („ханце“).

Преглед[уреди]

Патен знак во покраината Хубеј: текстот е напишан со кинески букви и проследен со пинјин

Во системот пинјин, некои букви гласовно не одговараат на вообичаените гласови на латиницата во европските јазици.

Изговорот и пишувањето на кинескиот збор се дава во два дела: почеток и рима, а не буква по буква. Почетоците се првите согласки, а римите се сите можни комбинации на средишта (полусамогласки што доаѓаат пред самогласката), јадрената самогласка и завршеток (или „кода“, завршна самогласка или согласка).

Почеток и рима[уреди]

За разлика од еворпските јазици, фундаменталните елементи не се поединечни букви, туку групи од букви – почетоци (声母, shēngmǔ) и рими (韵母, yùnmǔ). Секој манадарински слог може да се запише со еден почеток проследен од една рима (освен во случај на посебниот слог er и кога завршното -r се смета за дел од слог).

Иако највеќето почетоци содржат согласка, римите не секогаш се прости самогласки, особено кај сложените рими (复韵母, fuyunmu), т.е. кога пред римата стои „средиште“. На пример, средиштата [i] и [u] се изговараат со така тесни отвори на почетокот на римата, што некои говорници (особено кога настапуваат или пејат) го изговараат (衣, „облека“, правилен изговор: /i/) како /ji/, wéi (围, „опкружува“, правилен изговор: /uei/) како /wei/ или /wuei/. Честопати овие средишта не се сметаат за дел од римите, туку како посебни единици. По тоа се раководи и следнава табела.

Почетоци[уреди]

Се секој квадрат, првиот ред е изговор по МФА, а вториот е пинјин.

Двоуснени Уснено-
забни
Венечни Свиени Венечно-
преднонепчени
Предно-
непчени
Задно-
непчени
Избувни [p]
b
[pʰ]
p
[t]
d
[tʰ]
t
[k]
g
[kʰ]
k
Носни [m]
m
[n]
n
Течни [l]
l
[ɻ~ʐ]1
r
Слеани [ts]
z
[tsʰ]
c
[tʂ]
zh
[tʂʰ]
ch
[tɕ]
j
[tɕʰ]
q
Струјни   [f]
f
[s]
s
[ʂ]
sh
[ɕ]
x
[x]
h
Полусамогласка       [j]2  или [ɥ]3
y  
[w]2
w

1 /ɻ/ може фонетски да биде [ʐ] (звучна свиена шушкава согласка). Овој изговор зависи од говорникот и не претставува друга фонема.
2 буквите „w“ и „y“ не се наведени во табелата на почетоци во официјалниот систем на пинјин. Се користат како правописна конвенција за средиштата „i“, „u“ и „ü“ кога нема почеток. Кога „i“, „u“ и „ü“ се рими и нема почеток, тогаш се пишуваат како „yi“, „wu“ и „yu“.
3 „y“ се изговара како [ɥ] (уснено-преднонепчена приближна согласка) кога стои пред „u“.

Прифатениот редослед (со исклучок на w и y) изведен од системот џујин е следниов:

b p m f d t n l g k h j q x zh ch sh r z c s

Рими[уреди]

Стандардни кинески самогласки (со МФА и пинјин)
Предни Средни Задни
Затворени
Blank vowel trapezoid.svg
i • y (ü)
ɨ (i)
u


ɤ (e) • o
ɚ (er)


ɛ (ê)


a
Полузатворени
Полуотворени
Отворени


На табелава се наведени комбинациите од средишта и рими врз основа на анализа кајшто се претпоставуваат само две самогласни јадра: /a/ и /ə/;[11] па затоа произлегуваат разни алофони, зависно од фонетскиот контекст.

Во секоја ќелија на табелата е наведен прво изговорот по МФА, во вториот ред стои пинјин во самостоен (беспочеточен) облик, а пак во третиот ред е пинјин во комбинација со почеток. На табелава наведени сите можни рими во кинескиот јазик, освен оние што трпат еризација (-r).1 Можете да слушнете и звучни снимки римите.

Единствените согласки што стојат на крајот слогот во стандардниот кинески јазик се -n и -ng, како и -r, кој принадлежи на граматичка наставка. Секој слог што завршува на некоја друга согласка е или од немандаринско потекло (од кантонски или малцинските јазици), или се раоти за некоја друга романизација (каде тоновите се претставуваат со завршни самогласки).

Рима Средиште
Јадро Завршеток i u y
/a/ [ɑ]
a
-a
[i̯ɑ]
ya
-ia
[u̯ɑ]
wa
-ua
а
i [aɪ̯]
ai
-ai
[u̯aɪ̯]
wai
-uai
u [ɑʊ̯]
ao
-ao
[i̯ɑʊ̯]
yao
-iao
n [an]
an
-an
[i̯ɛn]
yan
-ian
[u̯an]
wan
-uan
[y̯ɛn]
yuan
-üan 2
ŋ [ɑŋ]
ang
-ang
[i̯ɑŋ]
yang
-iang
[u̯ɑŋ]
wang
-uang
/ə/ [ɯ̯ʌ]
e
-e
[i̯ɛ]
ye
-ie
[u̯ɔ] 3
wo
-uo/-o
[y̯œ]
yue
-üe 2
i [eɪ̯]
ei
-ei
[u̯eɪ̯]
wei
-ui
u [ɤʊ̯]
ou
-ou
[i̯ɤʊ̯]
you
-iu
n [ən]
en
-en
[in]
yin
-in
[u̯ən]
wen
-un
[yn]
yun
-ün 2
ŋ [əŋ]
eng
-eng
[iŋ]
ying
-ing
[u̯əŋ], [ʊŋ] 4
weng
-ong
[i̯ʊŋ]
yong
-iong
[ɨ]

-i
[i]
yi
-i
[u]
wu
-u
[y]
yu
2

1 [ɑɻ] се пишува er. Пинјин нема посебен правопис за другите рими што ги образува наставката -r. Наставката -r едноставно се додава на римата, без оглед на промените во звучноста што може да се јават.
2 „ü“ се пишува како „u“ по j, q, x и y.
3 „uo“ се пишува како „o“ по b, p, m и f.
4 „weng“ се изговара како [ʊŋ] (се пишува „ong“) кога доаѓа по почетокот.

Технички, i, u, ü без самогласки по нив се рими, а не средишта, па затоа ги преземаат тонските знаци. Покрај ова, ê [ɛ] (欸, 誒) и слоговните носовки m (呒, 呣), n (嗯, 唔), ng (嗯, 𠮾) се користат како извици.

Изговор на почетоците[уреди]

Пинјин МФА Мак. транскр.
b [p] п
p [] п
m [m] м
f [f] ф
d [t] т
t [] т
n [n] н
l [l] л
g [k] к
k [] к
h [x] х
j [] ч
q [tɕʰ] ч
x [ɕ] сј
zh [] џ
ch [tʂʰ] ч
sh [ʂ] ш
r [ʐ], [ɻ] ж, р
z [ts] ц
c [tsʰ] ц
s [s] с
y [j], [ɥ] ј
w [w] в
' [.], [], [ɰ] нов слог*
v [v] [12]
* Белешка за апострофот

Апострофот (') се користи пред слог што почнува со самогласка (a, o, or e) во повеќесложен збор каде слогот не го започнува зборот (најчесто се реализира како [ɰ]), освен ако слогот стои веднаш по црта или тире.[13] Ова има за задача да спречи забуна, како во примерот Xi'an (градот Сјиан), кој се состои од двата слога xi („西“) и an („安“), наспроти зборови како xian („先“ = сјуен) кои се едносложни.

Изговор на римите[уреди]

Ова е список на рими во стандардниот кинески, со исклучок на оние што завршуваат на -r.

Дадена рима се пронаоѓа вака:

  1. Со отстранување на почетната согласка. Zh, ch, и sh се сметаат за почетни согласки.
  2. Со менување на почетокот w во u и почетокот y во i. За weng, wen, wei, you, погледајте ong, un, ui, iu.
  3. За u по j, q, x, или y, погл. ü.
Пинјин МФА Облик со нулти почеток Мак. транскр.
-i [ɨ] [14]
a [ɑ] a а
e [ɯ̯ʌ], [ə] e е
ai [aɪ̯] ai ај
ei [eɪ̯] ei еј
ao [ɑʊ̯] ao ао
ou [ɤʊ̯] ou оу
an [an] an ан
en [ən] en ен
ang [ɑŋ] ang анг
eng [əŋ] eng енг
er [ɑɻ] er ар
Рими што почнуваат на i- (y-)
i [i] yi ји
ia [i̯ɑ] ya ја
ie [i̯ɛ] ye
iao [i̯ɑʊ̯] yao јао
iu [i̯ɤʊ̯] you ју
ian [i̯ɛn] yan јен
in [in] yin јин
iang [i̯ɑŋ] yang јанг
ing [iŋ] ying јинг
Рими што почнуваат на u- (w-)
u [u] wu ву
ua [u̯ɑ] wa ва
uo, o [u̯ɔ] wo во
uai [u̯aɪ̯] wai вај
ui [u̯eɪ̯] wei веј
uan [u̯an] wan ван
un [u̯ən] wen вен
uang [u̯ɑŋ] wang ванг
ong [ʊŋ], [u̯əŋ] weng венг
Рими што почнуваат на ü- (yu-)
u, ü [y] ( слушнете) yu ји
ue, üe [y̯œ] yue јуе
uan [y̯ɛn] yuan јуен
un [yn] yun јин
iong [i̯ʊŋ] yong јунг
Извици
ê [ɛ] е
o [ɔ] о
io [i̯ɔ] јо

Тонови[уреди]

Relative pitch changes of the four tones

Пинјин користи и дијакритики за да ги означи четирите тона во мандаринскиот јазик. Стојат како надредни знаци врз буквата што го претставува јадрото, освен ако таа буква недостасува.

  1. Првиот тон (рамен или висок тон) се претставува со горна црта позната и како макрон (ˉ):

    ā (ɑ̄) ē ī ō ū ǖ Ā Ē Ī Ō Ū Ǖ
  2. Вториот тон (растечки тон) се претставува со остар акцент (ˊ):

    á (ɑ́) é í ó ú ǘ Á É Í Ó Ú Ǘ
  3. Третиот тон (паѓачко-растечки тон) is marked by a ченгелче (ˇ) како кај српскохрватската латиница.

    ǎ (ɑ̌) ě ǐ ǒ ǔ ǚ Ǎ Ě Ǐ Ǒ Ǔ Ǚ
  4. Четвртиот тон (паќачки тон) се претставува со тежок акцент (ˋ):

    à (ɑ̀) è ì ò ù ǜ À È Ì Ò Ù Ǜ
  5. Петтиот тон (неутрален тон) се претставува со нормална самогласка, без никаков надреден знак:

    a (ɑ) e i o u ü A E I O U Ü

Упростени знаци:

() () () () (·ma)

Традиционални знаци:

() () () () (·ma)

Зборовите се „мајка“, „коноп“, „коњ“, „укорува“ и прашална честичка.

Бројки наместо тонски знаци[уреди]

Пред времето на сметачите, машините за пишување обично немале надредни знаци, па затоа тоновите се претставувале со тонски броеви на крајот од секој слог. На пример, tóng се пишува tong2. Броевите го следат горенаведениот редослед на тоновите, освен неутралниот тон, кој или нема бројка, или има 0 или 5.

Тон Тонски знак Тонски број Пример со
тонски знак
Пример со
тонски број
МФА
Прв горна црта ( ¯ ) 1 ma1 mɑ˥
Втор остар акцент ( ´ ) 2 ma2 mɑ˧˥
Трет ченгелче ( ˇ ) 3 ma3 mɑ˨˩˦
Четврт тежок акцент ( ` ) 4 ma4 mɑ˥˩
Неутрален без знак
или средна точка пред слогот (·)
без број
5
0
ma
·ma
ma
ma5
ma0

Табела на споредба со други транскрипции[уреди]

Самогласки a, e, o, i
МФА ɑ ɔ ɛ ɯʌ ɑʊ ɤʊ an ən ɑŋ əŋ ɑɻ i iɤʊ iɛn in
Пинјин a o ê e ai ei ao ou an en ang eng er yi ye јоу yan yin ying
Тунгјунг-пинјин a o e e ai ei ao ou an en ang eng er yi ye you yan yin ying
Вејд-Џајлс a o eh o/ê ai ei ao ou an ên ang êng êrh i yeh yu yen yin ying
}ујин ㄧㄝ ㄧㄡ ㄧㄢ ㄧㄣ ㄧㄥ
Мак. транск. а о е е ај еј ао оу ан ен анг енг ар ји је јоу јен јин јинг
пример
Самогласки u, y
МФА u ueɪ uən uəŋ ʊŋ y yɛn yn iʊŋ
Пинјин wu wo/o wei wen weng ong yu yue yuan yun yong
Тунгјунг-пинјин wu wo/o wei wun wong ong yu yue yuan yun yong
Вејд-Џајлс wu wo/o wei wên wêng ung yüeh yüan yün yung
Ѓујин ㄨㄛ/ㄛ ㄨㄟ ㄨㄣ ㄨㄥ ㄩㄝ ㄩㄢ ㄩㄣ ㄩㄥ
Мак. транск. ву во/о веј вен венг унг ји јуе јуен јин јунг
пример


Нешушкави согласки
МФА puɔ m fəŋ tiɤʊ tueɪ tuən ny ly kɯʌɻ xɯʌ
Пинјин bo p m feng diu dui dun t ger k he
Тунгјунг-пинјин bo p m fong diou duei dun t nyu lyu ger k he
Вејд-Џајлс po p' m fêng tiu tui tun t' kêrh k' ho
Ѓујин ㄅㄛ ㄈㄥ ㄉㄧㄡ ㄉㄨㄟ ㄉㄨㄣ ㄋㄩ ㄌㄩ ㄍㄜㄦ ㄏㄜ
Мак. транск. бо п м фенг диу дуј дун т ни ли гар к хе
пример 歌儿
Шушкави согласки
МФА tɕiɛn tɕiʊŋ tɕʰin ɕyɛn ʈʂɯʌ ʈʂɨ ʈʂʰɯʌ ʈʂʰɨ ʂɯʌ ʂɨ ʐɯʌ ʐɨ tsɯʌ tsuɔ tsɨ tsʰɯʌ tsʰɨ sɯʌ
Пинјин jian jiong qin xuan zhe zhi che chi she shi re ri ze zuo zi ce ci se si
Тунгјунг пинјин jian jyong cin syuan jhe jhih che chih she shih re rih ze zuo zih ce cih se sih
Вејд-Џајлс chien chiung ch'in hsüan chê chih ch'ê ch'ih shê shih jih tsê tso tzŭ ts'ê tz'ŭ szŭ
Ѓујин ㄐㄧㄢ ㄐㄩㄥ ㄑㄧㄣ ㄒㄩㄢ ㄓㄜ ㄔㄜ ㄕㄜ ㄖㄜ ㄗㄜ ㄗㄨㄛ ㄘㄜ ㄙㄜ
Мак. транск. ѓен ѓунг ќин сјуен џе џе че че ше ше же же ѕе ѕуо ѕе це це се се
пример
Тонови
МФА mɑ˥˥ mɑ˧˥ mɑ˨˩˦ mɑ˥˩
Пинјин ma
Тунгјунг пинјин ma
Вејд-Џајлс ma1 ma2 ma3 ma4 ma0
Џујин ㄇㄚ ㄇㄚˊ ㄇㄚˇ ㄇㄚˋ ㄇㄚ・
пример (трад/упр) 媽/妈 麻/麻 馬/马 罵/骂 嗎/吗

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Snowling, Margaret J.; Hulme, Charles (2005). „The science of reading: a handbook“. Blackwell handbooks of developmental psychology). 17. Wiley-Blackwell. стр. 320–22. ISBN 1405114886. http://books.google.com/?id=qV7s-Oyx13oC. 
  2. „Father of pinyin“. „China Daily“. 26 март 2009. http://www.china.org.cn/books&magazines/2009-03/26/content_17504026.htm. конс. 12 јули 2009.  Reprinted in part as Simon, Alan. „Father of Pinyin“, 21-27 јануари 2011, стр. 20.
  3. Zhou Youguang“. „China Digital Times“. China. http://chinadigitaltimes.net/china/zhou-youguang/. 
  4. Pinyin celebrates 50th birthday“, Xinhua News Agency, 11 февруари 2008 (конс. 20 септември 2008).
  5. „ISO 7098:1982 – Documentation – Romanization of Chinese“. http://www.iso.org/iso/iso_catalogue/catalogue_ics/catalogue_detail_ics.htm?csnumber=13682. конс. 1 март 2009. 
  6. Hanyu Pinyin to be standard system in 2009“, Taipei Times, 18 септември 2008 (конс. 20 септември 2008).
  7. Government to improve English-friendly environment“, The China Post, 18 септември 2008 (конс. 20 септември 2008).
  8. Lin Mei-chun. „Official challenges Romanization“, Taipei Times, 8 октомври 2000.
  9. Ao, Benjamin (1 декември 1997). „History and Prospect of Chinese Romanization“. „Chinese Librarianship: an International Electronic Journal“ (Internet Chinese Librarians Club) (4). ISSN 1089-4667. http://www.white-clouds.com/iclc/cliej/cl4ao.htm. конс. 20 септември 2008. 
  10. R.F. Price (2005). „Education in Modern China. Volume 23 of "China : history, philosophy, economics".“ (2, illustrated издание). Routledge. стр. 123. ISBN 0415361672. http://books.google.com/?id=eVydlhmChEEC. 
  11. Hashimoto, Mantaro (1970). „Notes on Mandarin Phonology“. Jakobson, Roman; Kawamoto, Shigeo. „Studies in General and Oriental Linguistics“. Tokyo: TEC. стр. 207–220 
  12. не се користи, резервиран е за говорен кинески и малцинските јазици.
  13. „Апострофи во пинјин: кога и каде се користат“. http://www.pinyin.info/romanization/hanyu/apostrophes.html.  (англиски)
  14. -i означува брмчливо продолжение на согласката по z-, c-, s-, zh-, ch-, sh- и r-.

Надворешни врски[уреди]