Колоквијализам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поимот Колоквијализам во Викиречникот, слободниот речник.

Колоквијализам — фраза често употребувана во секојдневниот, неограничен разговор, отколку во формалниот говор, (формално пишување, академско пишување), или парајазичарика. Речниците често ги покажуваат колоквијалните зборови и фрази со кратенка „колок“ како идентични. Колоквијализмите често се поврзани колективно и со „колоквијалниот јазик“.[1]

Примери[уреди | уреди извор]

1. Карактеристично или соодветно со обичниот разговор отколку со формалниот говор и пишување, неформално . 2. Вклучување или користење разговор . Некои примери од неформалните колоквијализми може да вклучат зборови (Како „(у'сите)“ или „ќе“ или „Сака“ , фрази како „стар колку ридовите“ или „стар како Библија“ и „несомнено мртов“ или „мртов како гробишта“, а некогаш и цел афоризам како : „Има повеќе од еден начин да соголиш мачка“ или „Има повеќе од еден начин да се мачка кожата“.

Во Јужна Америка колоквијализмите најчесто се користат во ограничени географски области, и според јазичарите се шират преку нормална конверзациска интеракција во јазикот, иако се почесто преку неформлана онлајн интеракција. Чест пример е регионалниот термин кој се користи за опис на газирани пијалаци. Во Горен среден запад и Горен среднозападен САД, заедно со Канада, вообичаено се нарекува „ПОП“, додека во други делови, особено во североисточните и екстремниот западен дел на САД, тоа е познато како „Сода“. Во Јужна Америка, веројатно поради тоа што е родното место на кока-кола, се нарекува „кока-кола“ безразлика на брендот. Некои јужњаци овие пијалаци дури ги нарекуваат „наркотик“. Се верува дека ова е застарено нарекување заради стимулансот кој се содржи во пијалакот .Во Нова Англија повремено се нарекува „тоник“. Во некои делови на Шкотска се нарекува „ѓумбир“, а забуната дали овој термин се користи за сите газирани сокови или за ѓумбир пивото стана очигледна во случајот „Донахју против Стивенсон“. Друг пример на колоквијализам се двата термини за правоаголните јаворови крофни. Тие се нарекуваат Лонг Џон во поголемиот дел на САД, Но во северозападнот дел на Тихиот Океан (како Орегон и Вашингтон ), се нарекуваат „Јаворови прачки“. Зборови кои имаат формално значење, исто така може да имаат колоквијално значење. .

Помошните јазици понекогаш се во недостаток на колоквијализми , но тоа варира од еден до друг јазик. Во Интерлингва, Истите стандарди за интерлингва и прифатливост на меѓународни зборови се однесува на колоквијализмот во други услови. Така, меѓународните колвијализми може да се употребат во интерлингва . Изразите како „en las manos de...“ „Во рацете на..“ „Que pasa?“ „Што се случува?“, Се чести.

Разлика меѓу колвијализам и сленг[уреди | уреди извор]

Некои јазичари прават разлика меѓу колоквијализми и сленг. Според јазичарот Гил'Ад Зукермен, „сленгот се однесува на неформални(и често минливи) лексички единици што се користат од одредени социјални групи, на пример тинејџери , војници, затвореници, или сурфери“. Сленгот не е ист со колоквијалниот (говор), кој е неформален, опуштен говор употребен повремено од секој говорител;.Колоквијализам е лексички термин употребен во неформален говор ; додека најшироката смисла на колоквијализомот може да го вклучи сленгизмот, во потесна смисла не може. Сленгизмите често се користат во колоквијализмот но не сите колоквијализми се сленгизми. Еден метод за да се направи разлика меѓу сленгизам и колоквијализам е да се праша дали повеќето говорители на мајчиниот јазик го знаат зборот (и да гое употребуваат); Ако го направат тоа, е колоквијализам. Но , проблемот е што ова не е дискретен, квантизиран туку континуум. Иако поголемиот дел од сленгизмите се ефемерни и често заменети со нови, некои стекнуваат не сленговски колоквијален статус.

Разлика меѓу колоквијализам и жаргон[уреди | уреди извор]

Жаргон е терминологија која е дефинирана особено во однос на специфична активност, професија, или група . Терминот опфаќа јазик кој се користи од страна на луѓе кои работат во одредена област или имаат заеднички интереси. Слично сленгот, тој може да се развива како еден вид скратено изразување, да се изразат идеи кои се често дискутирани помеѓу членовите на групата, исто така може да се развива намерно користејќи избрани термини. На стандарден термин може да се даде попрецизна или уникатна употреба помеѓу корисниците. Во многу случаи ова предизвикува пречка во комуникацијата со оние што не се запознаени со јазикот во тоа поле.

Разлика меѓу колоквијализам и дијалект[уреди | уреди извор]

Терминот дијалект се употребува на два различни начини, дури и од лингвиситите. Една употреба се однесува на избор на јазик карактеристичен за одредена група на говорници на јазикот. Терминот се применува најчесто за регионален модел на говор, но дијалектите може исто да се друг фактор, како и општествените класи. Дијалект кој е поврзан со одредена општествена класа може да се нарече Социолект; регионален дијалект може да се нарече региолект или тополект. Другата употреба се однесува на јазик, социјално подреден на регионалниот или националниот стандарден јазик, често историски сроден на стандардниот, но не различен од него или произлезен од него. Дијалекот се одликува со свој речник, граматика, и изговор.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. colloquial. (n.d.). Dictionary.com Unabridged (v 1.1). Retrieved September 10, 2008, from Dictionary.com

Надворешни врски[уреди | уреди извор]