Мандарински јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мандарински
官話/官话 Guānhuà
Guanhua.png
Гуанхуа („мандарински“)
напишано со кинески знаци
Застапен во северна и југозападна Кина
(поврзано: стандарден мандарински)
Говорници 845 милиони  (2000)[1]
Вкупно: 1.020 милиони
Јазично семејство
Дијалекти
северозападен
пекиншки
џи-лу
џао-лиао
долнојангцекјаншки
среднорамничарски
лан-јин
југозападен
џински (спорен)
Јазични кодови
ISO 639-3 cmn
Linguasphere 79-AAA-b
Mandarin and Jin in China.png
Говорно подрачје на мандаринскиот јазик; Спорното џинско наречје е обележано со светлозелено.
Zhongwen.svg
Оваа статија содржи кинески текст. Без правилна поддршка, може да гледате прашалници, квадрати или други симболи наместо кинески знаци .

Мандаринскиот јазик (кин. 官话, пинјин: Guānhuà, мктр. гуанхуа = „функционерски говор“)[2] претставува целина од наречја што се говорат ширум северна и југозападна Кина. Бидејќи највеќето дијалекти се сместени на северот од земјата, групата се нарекува и „северен говор“ (北方话, Běifānghuà). Сепак, североисточното и југозападното наречје се толку различни, што луѓето можат да се разберат само ако општат на стандардниот јазик, претежно поради разлики во тоновите и лексиката. Меѓутоа, и покрај ова, разликите во рамките на мандаринските наречја се значително помали од оние помеѓу разните јазици во Кина. Се смета дека ова се должи тоа што мандаринскиот почнал да се шири релативно неодамна, но и поради полесното општење помеѓу луѓето во споредба со југот на земјата, кој е планински.

Мандаринските наречја, особено пекиншкото, се основа за стандардниот кинески јазик, кој исто така се нарекува „мандарински“, „путунгхуа“ (普通话, Pǔtōnghuà = „општ говор“) или „гуоји“ (國語, Guóyǔ = „национален јазик“). Стандардниот кинески е службен јазик на НР Кина и Тајван, еден од четирите службени јазици на Сингапур и еден од шесте јазици на ООН.[3] Земајќи ја мандаринската група во целост, јазикот има највеќе матични говорници во светот (речиси милијарда). Овие говори уживаат таков статус поради тоа што низ голем дел од историјата на земјата, главниот град се наоѓал во тоа говорно подрачје. Почнувајќи од првите децении на XX век, ваквиот мандарински претставувал државен и дефакто стандард во Кина, но и како говор на значаен дел од кинеската дијаспора во светот.

Името на јазикот[уреди]

Зборот „мандарински“ е придавка од португалскиот збор mandarim, преземен од малајскиот поим menteri (кој пак навлегол од хинди mantri, со потекло од санскритскиот збор мантрин = „министер“ или „советник“) и изворно се однесувал на говорот на кинеските чиновници наречени „мандарини“.[4][5] Бидејќи матичните говори на чиновниците ширум царството се разликувале во голема мера до степен на меѓусебно неразбирање, овие функционери општеле на коински јазик што се засновал на разните северни дијалекти.

Историја[уреди]

Денешните кинески наречја и говори настанале со различниот развиток на наречјата на старокинескиот и среднокинескиот јазик. По традиција се вели дека јазикот има седум наречја (или јазици). Покрај мандаринскиот, тоа се ву, хака, минскиот, сјанг, јуе и ган.[6] Во поново време се признаени и други групи.

A page of the Menggu Ziyun, covering the syllables tsim to lim

По падот на Северен Сунг и за време на неавтохтоните династии Џин и Јуен во северна Кина, се развил општоприфатен јазик по углед на говорот околу главниот град, кој денес се нарекува старомандарински. Јазикот добил свои вернакуларни книжевни жанрови, вклучувајќи поезија и драма и раскази како што се чи и санчи.[7]

Сè до почетокот на XX век, книжевните дела се пишувале на книжевен кинески јазик, што важело и за формалната писмена комуникација. Овој јазик се темели на класиците од Периодот на завојуваните држави и династијата Хан. Со време, разните наречја почнале во голема мера да се разидуваат и станале многу поразлични од јазикот во книжевните дела, кој се задржал како посебен јазик.

Како книжевен, овој јазик не попримил никакви влијанија од гласовните промени што се случувале во говорните наречја. Особено се ценела неговата изразна моќ во малку зборови. На пример, поимот 翼 (ји = крило) е сосем недвосмислен во пишаниот јазик, но има над 75 хомофони во говорниот мандарински.

Коински јазик[уреди]

Кинеска граматика на латински јазик (XVIII век)

Сè до средината на XX век, највеќето жители на јужна Кина го познавале само локалниот говор. Од практични причини, управувањето на земјата за време на династиите Минг и Чинг се одвивало на општоприфатен јазик „гуанхуа“, заснован на говорите во поважните места. Секој што сакал да стане службеник, чиновник или функционер морал да го владее овој говор.[3]

Стандарден кинески[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Стандарден кинески јазик.

Во раните денови на Република Кина, дејците од Новото културно движење како Ху Ше и Чен Дусју успешно се избориле за заменување на книжевниот кинески со вернакуларен пишан јазик, заснован на северните говори. Покрај ова, во следниот период се отворила расправа за утврдување на државен јазик (国语, Guóyǔ), која завршила во 1932 со усвојување на пекиншкото наречје. Со формирањето на НР Кина во 1949, стандардот е задржан, но го добива името „општ говор“ (普通话, pǔtōnghuà).[8]

Денес државниот јазик се користи во образованието, медиумите и формални прилики во НР Кина и Тајван (но не во Хонгконг и Макао). Јазикот го владеат сите помлади лица, со посилен или послаб локален нагласок. Во Хонгконг и Макао, образованието, медиумите, формалниот говор и секојдневниот живот се одвива на кантонски јазик, но стандардниот мандарински во последно време има големо влијание.[9]

Класификација[уреди]

Делото Language Atlas of China ги дели останатите дијалекти на осум наречја, според односот кон среднокинескиот настапен тон:[10]

  • североисточно - се говори на североистокот на Кина (Манџурија), освен на Лиаодуншкиот Полуостров: овој дијалект е во блиско сродство со стандардниот, со мали разлики во лексиконот.
  • пекиншко - се говори во Пекинг и околни места како Ченгде, Хебеј: основа за стандардниот мандарински.
  • џи-лу - се говори во покраините Хебеј („џи“) и Шандунг („лу“), освен на Џаодуншкиот Полуостров, вклучувајќи го тјенџинскиот дијалект: тоновите и лексиконот се многу поинакви; овој говор е практично заемонеразбирлив со пекиншкиот.
  • џао-лиао - се говори во Шандуншкиот (Џаодушнки) и Лиаодуншкиот Полуостров: многу забележливи разлики во тонот, поразлични од наречјето џи-лу, но и со повеќе разнообразие; заеморазбирливоста со пекиншкиот е значајна, но не целосна.
  • среднорамнински („џунгјуен“) - се говори во покраината Хенан, централните делови на Шенсји во долината на Жолтата Река и југот на Сјинџанг: значајни фонолошки разлики, со делумна заеморазбирливост со пекиншкиот. Во оваа група спаѓа и дунганскиот јазик што се говори во Киргистан и е прилично сличен на мандаринскиот.
  • лан-јин - се говори во покраината Гансу (гл. град: Ланџоу) и автономниот регион Нингсја (гл. град: Јинчуан), како и северот на Сјинџанг.
  • џанг-хуај (сја-џанг) - се говори до деловите од Џангсу и Анхуеј на северното порачје на Јангцекјанг, како и некои подрачја долж јужното поречје како што се Нанџинг и Џангсу, Џиуџанг во Џангсји и тн.: значајни фонолошки и лексички разлики во различен степен; заеморазбирливоста е прилично ограничена. Ова наречје има значајни влијанија од јазикот ву.
  • југозападно - се говори во Хубеј, Сечуан, Гуејџоу, Јинан и мандаринските подрачја во Хунан, Гуангсји и југот на Шенсји: остри фонолошки, лексички и тонски разлики; заеморазбирливоста со пекиншкиот е доста ограничена во различен степен.

Фонологија[уреди]

Слоговите се состојат највеќе од почетна согласка, преод, самогласка, завршна согласка и тон. Во јазикот не постојат сите слогови што се можни според овие правила, поради трите правила што не допуштаат соседност на извесни фонеми. Затоа, во практика, постојат само неколку стотини поединечни слогови.

Фонолошки особености што ги делат речиси сите мандарински наречја:

Почетоци[уреди]

Воопштена табела на почетоците во мандаринските дијалекти. Почетоците што ги нема во стандардниот јазик се ставени во загради.

Двоуснени Уснено-
забни
Венечни Свиени Венечно-
преднонеп.
Задно-
непчени
Гласилни
Избувни p t k (ʔ)
Носни m n (ŋ)
Струјни f (v) s (z) ʂ ʐ ɕ x
Слеани (pf) (pfʰ) ts tsʰ tʂʰ tɕʰ
Приближни l
  • Свиените почетоци /tʂ tʂʰ ʂ/ недостасуваат во многу дијалекти во Манџурија и јужна Кина, кајшто се заменети со венечните шушкави согласки /ts tsʰ s/. (zhi е zi, chi е ci, shi е si, а ri /ɻ/ или /ʐ/ звучат како /z/.) Ова е честа појава и во Тајван. Највеќето други подрачја ги разликуваат свиените од венечните шушкави гласови, но честопати се наоѓаат во поинаква рапсределба од стандардниот јазик.
  • Венечно-преднонепчените шушкави согласки /tɕ tɕʰ ɕ/ се производ на изедначува на историските меки венечни согласки /kj kʰj xj/ и меките венечни шушкави согалски /tsj tsʰj sj/. Кај околу 20% од дијалектите, венечните шушкави согласки не смекнале, па така опстоиле како посебни од венечно-преднонепчените почетоци. (Специјалниот изговор во пекиншката опера влегува во оваа категорија.) Од друга страна, во некои говори во источен Шандунг, несмекнати се заднонепчените почетоци.
  • Многу југозападни дијалекти ги мешаат f- /f/ и hu- /xw/, заменувајќи ги меѓусебно. На пример, fei /fei/ „лета“ и hui /xwei/ „прав“ во тие говори звучат исто.
  • Извесни дијалекти не разликуваат почетно /l/ од почетно /n/. Во југозападното наречје, овие гласови се изедначуваат со /n/; во наречјето џангхуај, тие се изедначени со /l/.
  • Во многу подрачја, говорниците користат разни почетни гласови на местото кајшто пекиншкиот користи r- /ʐ/. Позастапени варијанти се y-, l-, n- и w- /j l n w/.
  • /v/, /ŋ/ и /ʔ/, кои се користеле како почетоци во постарите облици на кинескиот јазик, во највеќето говори денес се изедначени со нултиот почеток.
  • Многу дијалекти од северозападниоти и среднорамнимско наречје ги имаат гласовите /pf/ /pfʰ/ /f/ /v/ наместо пекиншките /tʂw tʂʰw ʂw ɻw/. Така, /pfu/ „свиња“ наместо стандардното /tʂu/, /fei/ „вода“ наместп стандардното /ʂwei/, /vã/ „мек“ наместо стандардното /ɻwæn/ и тн.

Завршетоци[уреди]

  • Во многу од нашироко расфрлените мандарински дијалекти завршетоците ai ei ao ou /ai ei ɑu ɤu/ се изговараат како [[монофтонг|монофтонзи] (т.е. без преод).
  • Пекиншкото и североисточното наречје претрпеле повеќе изедначувања на самогласките од другите наречја. На пример:
Знак Значење Стандардно
(Пекинг)
Џинан
(џи-лу)
Сјиан
(џунгјуен)
Ченгду
(југозап.)
Јангџоу
(џангхуај)
Пинјин МФА
четиво kʰɤ kʰə kʰuo kʰo kʰo
потфат kʰei kʰei kʰe kʰəʔ
овошје guǒ kuo kuə kuo ko ko
земја guó kue kue kɔʔ
Стандардните завршетоци како e, o, ai, ei, ao, u, üe и ie /ɤ o ai ei ɑu u yɛ iɛ/ во другите наречја честопати непредвидливо се јавуваат како други самогласки. Правилата се сложени и се исход од разидувањето и независниот фонолошки развој на разните дијалекти од среднокинескиот наваму (особено во замодејства со завршните избувни согласки).
  • Средното -u- /w/, што се јавува како венечна согласка, во југозападното наречје се губи. Затоа имаме dei /tei/ „десно“, додека во стандардниот истото е dui /twei/, ten „голта“ /tʰən/, додека во стандардниот истото е tun /tʰwən/.
  • Југозападното наречје има gai kai hai /kai kʰai xai/ во неколку (но не сите) зборови, додека во стандардниот истите се jie qie xie /tɕiɛ tɕʰiɛ ɕiɛ/. Ова се смета за стереотипна одлика на југозападните говори бидејќи е мошне забележливо. На пример hai „чевел“ наместо стандардното xie, gai „улица“ наместо стандардното jie.
  • Во некои подрачја (особено југозападните), завршното -ng /ŋ/ е -n /n/. Ова е особено застапено при редување на завршните парници -en/-eng /ən ɤŋ/ и -in/-ing /in iŋ/. Поради тоа, овие дијалекти ги изедначуваат jīn „злато“ и jīng „главен град“.
  • Вевноста на самогласките (еризација) е карактеристична за мандаринскиот јазик, но истата работи поинаку во југозападното наречје. Додека пекиншкиот говор при додавањето на вевниот завршеток -r /ɻ/ го отфрла само завршното /j/ или /n/, во југозападното наречје ова -r го заменува речиси сет завршеток.

Тонови[уреди]

  • Секој говор има нешто поимакви вредности на тоновите. Распределбата на тоновите е мошне слична кај сите говори, со исклучок на слоговите што некогаш завршувале на избувна согласка, кои имаат различна поставеност кај разните дијалекти.

Разлики во контурата на тонот:

Фонетска реализација на тоновите кај поважните мандарински дијалекти
Назив на тонот Прв тон Втор тон Трет тон Четврти тон означено со
гласилн. избув. (Ru)
пекиншки Пекинг ˥ (55) ˧˥ (35) ˨˩˦ (214) ˥˩ (51)
североисточен Харбин ˦ (44) ˨˦ (24) ˨˩˧ (213) ˥˨ (52)
џи-лу Тјенџин ˨˩ (21) ˧˥ (35) ˩˩˧ (113) ˥˧ (53)
Шеџаџуанг ˨˧ (23) ˥˧ (53) ˥ (55) ˧˩ (31)
џао-лиао Јантај ˧˩ (31) (˥ (55)) ˨˩˦ (214) ˥ (55)
џунгјуен Џенгџоу ˨˦ (24) ˦˨ (42) ˥˧ (53) ˧˩˨ (312)
Луојанг ˧˦ (34) ˦˨ (42) ˥˦ (54) ˧˩ (31)
Сјиан ˨˩ (21) ˨˦ (24) ˥˧ (53) ˦ (44)
Тјеншуј ˩˧ (13) ˥˧ (53) ˨˦ (24)
лан-јин Ланџоу ˧˩ (31) ˥˧ (53) ˧ (33) ˨˦ (24)
Јинчан ˦ (44) ˥˧ (53) ˩˧ (13)
југозападен Ченгду ˦ (44) ˨˩ (21) ˥˧ (53) ˨˩˧ (213)
Сјичанг ˧ (33) ˥˨ (52) ˦˥ (45) ˨˩˧ (213) ˧˩ʔ (31)
Кунминг ˦ (44) ˧˩ (31) ˥˧ (53) ˨˩˨ (212)
Вухан ˥ (55) ˨˩˧ (213) ˦˨ (42) ˧˥ (35)
Лиуџоу ˦ (44) ˧˩ (31) ˥˧ (53) ˨˦ (24)
џангхуај Јангџоу ˧˩ (31) ˧˥ (35) ˦˨ (42) ˥ (55) ˥ʔ (5)
Нантунг ˨˩ (21) ˧˥ (35) ˥ (55) ˦˨ (42), ˨˩˧ (213)* ˦ʔ (4), ˥ʔ (5)*

* Говорите во и околу подрачјето на Нантунг имаат многу повеќе од 4 тона, поради влијанието на соседните говори на јазикот ву.

Граматика[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Граматика на кинескиот јазик.

Кинеските јазици и говори од сите историски периоди се сметаат за особени примери за аналитички јазици, со тоа што кај нив граматичките информации како лице, број, време, начин или падеж се изразуваат исклучиво преку збороредот и честичките наместо со збороизмената (флексија) или додавки (афикси). Иако денешните варијанти на јазиците користат мал број на наставки, истите сепак се применуваат на мошне аналитички начин.[11]

Основниот збороред е од обликот „подмет-прирок-предмет“ и се јавува често во многу кинески дијалекти, но се забележуваат разлики во редоследот на двата предмета кај двопреодните глаголи. Во северното наречје, индиректниот предмет му претходи на директниот (како во македонскиот), како што може да се види од реченицата на стандарден кинески:

一本 书 。
gěi yìběn shū.
Јас дава ти една книга.

Во јужиото наречје, многу југозападните говори и оние од наречјето џинг-хуај, предметите се јавуваат по обратен редослед.[12]

Највеќето јазици во земјата користат честички (глаголски наставки) за да означат глаголски вид, но самите честички се разликуваат од јазик до јазик. Мандаринските дијалекти претежно се служат со честичката -le (了) за определен несвршен вид и -zhe (著/着) за неопределен несвршен вид. Другите кинески јазици , e.g. кантонското jo2 咗 and gan2 緊/紧. Искусниот вид -guo (過/过) е застапен пошироко, освен воо јужномминскиот.[13]

Зависната честичка de (的) е карактеристична за мандаринските наречја.[14] Некои јужни дијалекти, (и некои од наречјето џанг-хуај), ја зачувале постарата шема на посвојност без честичка, додека пак кај другите јазици, улогата на мандаринската честичка ја игра класификатор.[15]

Особена појава во разговорниот јазик е тоа што честичките на крајот од реченицата го менуваат суштинското значење на реченицата. Како и голем дел од лексиконот, честичките во многу случаи сосема се разликуваат од подрачје до подрачје. На пример, честичката за очиглегдност или оспорување на север е ma (嘛), но на југот истата е yo (哟).

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Мандарински - Ethnologue (XVI изд, 2009)
  2. Традиционално: 官話. Во статијата се користи исклучиво упростеното кинеско писмо
  3. 3,0 3,1 Norman (1988), стр. 136.
  4. China in the Sixteenth Century: The Journals of Mathew Ricci.
  5. "mandarin", „Shorter Oxford English Dictionary“. 1 (VI издание). Oxford University Press. 2007. ISBN 978-0-19-920687-2. 
  6. Norman (1988), стр. 181.
  7. Norman (1988), стр. 48–52.
  8. Ramsey (1987), стр. 3–15.
  9. Zhang, Bennan; Yang, Robin R. (2004). „Putonghua education and language policy in postcolonial Hong Kong“. Zhou, Minglang (ed.). „Language policy in the People's Republic of China: theory and practice since 1949“. Kluwer Academic Publishers. стр. 143–161. ISBN 978-1-4020-8038-8. 
  10. Kurpaska (2010), стр. 75.
  11. Norman (1988), стр. 10.
  12. Norman (1988), стр. 162; Yue (2003), стр. 105–106.
  13. Yue (2003), стр. 90–93.
  14. Norman (1988), стр. 196.
  15. Yue (2003), стр. 113–115.

Библиографија[уреди]

  • Coblin, W. South (2000). „A brief history of Mandarin“. „Journal of the American Oriental Society“ 120 (4): 537–552. doi:10.2307/606615. 
  • Coblin, W. South (2003). „Robert Morrison and the Phonology of Mid-Qīng Mandarin“. „Journal of the Royal Asiatic Society of Great Britain & Ireland“ 13 (3): 339–355. doi:10.1017/S1356186303003134. 
  • Kurpaska, Maria (2010). „Chinese Language(s): A Look Through the Prism of "The Great Dictionary of Modern Chinese Dialects"“. Walter de Gruyter. ISBN 978-3-11-021914-2. 
  • Norman, Jerry (1988). „Chinese“. Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-29653-3. 
  • Ramsey, S. Robert (1987). „The Languages of China“. Princeton University Press. ISBN 978-0-691-01468-5. 
  • Richards, John F. (2003). „The unending frontier: an environmental history of the early modern world“. University of California Press. ISBN 978-0-520-23075-0. 
  • Yue, Anne O. (2003). „Chinese dialects: grammar“. Thurgood, Graham; LaPolla, Randy J. (eds.). „The Sino-Tibetan languages“. Routledge. стр. 84–125. ISBN 978-0-7007-1129-1. 

Надворешни врски[уреди]