Лингвистика

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај

Лингвистика е научното[1][2] учење на природниот јазик.[3][4] Лингвистиката опфаќа голем број на поддисциплини и науки. Постои важна тематска поделба помеѓу учењето за структурата на јазикот (граматика) и учењето за неговото значење (семантика и прагматика). Граматиката ги опфаќа морфологијата (формирањето и составувањето на зборовите), синтаксата (правилата кои одредуваат како зборовите се комбинираат во фрази и реченици) и фонологијата (учење за звучните системи и абстрактните звучни единици). Фонетиката пак е гранка на лингвистиката која се засега за вистинските својства на говорните звуци (гласови), неговорните звуци и како тие се произведуваат и перцепираат. Останати поддисциплини на лингвистиката се: еволуционистичката лингвистика, која го разгледува потеклото на јазикот; историската лингвистика, која ги истражува промените на јазикот; социолингвистиката, која ја проучува поврзаноста помеѓу лингвистичкото варирање и социјалната структура; психолингвистиката, која го проучува односот меѓу јазичното однесување и менталните процеси што се основа на тоа однесување; невролингвистиката, која го проучува фукнционирањето на деловите од мозокот кои овозможуваат да се употребува јазикот; јазичната аквизиција, која разгледува како децата го стекнуваат својот прв јазик и како децата и возрасните се стекнуваат со и го учат нивниот втор јазик, како и наредните јазици; и говорните анализи,која се засега за структурата на текстовите и разговорите, и прагматиката со како значењето е примено, основано врз комбинација на лингвистичка способност, нелингвистичко знаење и контекстот на говорната уметност.

Лингвистиката понекогаш се дефинира како научен приод на науката за јазикот, но на јазикот може, секако, да му се пријде од мноштво правци, а и голем број на други душевни дисциплини се релевантни со него и влијаат на неговото учење. Семиотиката, на пример, е поврзано поле кое се засега за општото проучување на знаци и симболи, во и надвор од јазикот. Книжевни теоретичари ја изучуваат употребата на јазикот во уметничка книжевност. Лингвистиката често позајмува знаења од разновидни полиња како психологија, логопедија, информатика, филозофија, биологија, човечката анатомија, социологија, антропологија и акустика.

Во полето, лингвист се користи да се опише некој кој или го изучува полето или користи лингвистичка методологија за да изучува одредени јазични групи или одредени јазици. Надвор од полето, овој поим честопати се однесува на луѓе кои зборуваат многу јазици или имаат одличен речник на зборување.

[уреди] Референци

  1. Fromkin, Victoria; Bruce Hayes; Susan Curtiss, Anna Szabolcsi, Tim Stowell, Donca Steriade (2000). Linguistics: An Introduction to Linguistic Theory. Oxford: Blackwell. стр. 3. ISBN 0631197117. 
  2. Martinet, André (1960). Elements of General Linguistics. Tr. Elisabeth Palmer (Studies in General Linguistics, vol. i.). London: Faber. стр. 15. 
  3. Halliday, Michael A. K.; Jonathan Webster (2006). On Language and Linguistics. Continuum International Publishing Group. стр. vii. ISBN 0826488242. 
  4. Greenberg, Joseph (1948). „Linguistics and ethnology“. Southwestern Journal of Anthropology 4: 140–47. 

[уреди] Надворешни врски



Други јазици