Фонологија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фонологија (од старигрчките „φωνή“, фоно, „глас“, „звук“ и „λόγος“, логос, „збор“, „говор“, „предмет на разговор“) — дел од науката за јазикот која ги проучува звучните облици во јазикот. Таа го проучува јазикот како елемент кој има функција во јазикот да прави разлика меѓу две јазични единици. Таа се дели на историска и описна. Историската (дијахроничната) фонологија ги следи и анализира промените во говорните звуци и звучните системи во определени временски периоди (на пр. процесот со кој зборови со различни самогласки во текот на времето почнале да се изговараат со исти). Описната (синхроничната) фонологија ги истражува звуковните облици во една фаза на развојот на јазикот за да откријат кои од нив можат да се појават и на кое место (на пример согласни групи, кои може да се појават само на крајот од зборот, но не и на почетокот).[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бунтевска, Сузана. „Британика енциклопедиски речник“ (книга 10), Топер - Скопје, стр. 35