ISSN

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
ISSN во облик на линиски код EAN-13 со низна варијанта 0 и број 5.

ISSN (од англ. International Standard Serial Number = Меѓународен стандарден сериски број) — единствен осумцифрен број кој служи за идентификација на печатени или електронски периодични списанија.[1] Оние што се издадени во печатен и електронски облик може да имаат по два ISSN-броја: печатен ISSN (p-ISSN) и електронски ISSN (e-ISSN или eISSN). Системот на ISSN е првично разработен како меѓународен ISO-стандард во 1971 и објавен во 1975 како ISO 3297.[2] Во организацијата на ISO, за стандардот е одговорен поткомитетот TC 46/SC 9.

Формат на кодот[уреди]

Форматот на ISSN е осумцифрен број, поделен со цртичка на два четирицифрени броја.[1] Последната цифра (која може да биде 0–9 или X) е контролна цифра. Стручното списание Hearing Research има ISSN 0378-5955, што значи контролната цифра е 5.

Контролната цифра ја пресметуваме со следниов алгоритам:

Да се пресмета збирот на првите седум цифри од ISSN-кодот помножени со нивната положба во бројот, сметајќи од лево — т.е. 8, 7, 6, 5, 4, 3 и 2, односно:
0\cdot 8 + 3\cdot 7 + 7\cdot 6 + 8\cdot 5 + 5\cdot 4 + 9\cdot 3 + 5\cdot 2
= 0 + 21 + 42 + 40 + 20 + 27 + 10
= 160.
Потоа се пресметува со модулот на 11 на овој збир: збирот се дели со 11 и така се определува остатокот.
\frac{160}{11} = 14\mbox{ OCTATOK }6=14+\frac{6}{11}.
Доколку нема остаток, контролната бројка е 0. Во друг случај остатокот се одзема од 11 за да се добие контролната бројка:
11 - 6 = 5
контролната бројка е 5.
Големата буква X во контролниот број означува контролен број 10.

За да ја потврдите контролната цифра, го пресметуваме збирот на сите осум цифри на ISSN-бројот помножени со нивната положба во бројот, сметајќи од десно (ако контролната цифра е X, тогаш на збирот му додаваме 10). Модулот за 11 на збирот мора да изнесува 0.

Доделување на кодови[уреди]

ISSN-кодовите ги доделува мрежа од национални центри, обично сместени во национални библиотеки под надлежност на ISSN Меѓународниот ISSN центар во Париз. Овој центар е меѓувладина организација основана во 1974 со договор помеѓу УНЕСКО и француската влада. Центарот води евиденција за сите ISSN-броеви во целиот свет во записникот наречен „ISDS-регистар“. Регистарот денес содржи 1.555.307 записи.[3]

Споредба со други идентификатори[уреди]

Кодовите на ISSN и ISBN се слични по замисла во случаи кога ISBN-кодот е доделен на поединечна книга. ISBN може да се додели на поединечни броеви на научни периодични списанија, покрај ISSN-кодот на списанието во целина. За разлика од ISBN-кодот, ISSN е анонимен идентификатор поврзан со извесно списание, и не содржи информации за издавачот и местото на издавање. Поради ова едно списание добива нов ISSN ако значително го смени насловот.

Бидејќи ISSN важи за целото списание, врз него е додадена дополнителна назнака SICI за наведување на изданија, томови, статии и други препознатливи делови (како на пр. преглед на содржината).

Приена во URN[уреди]

ISSN-броевите можат да се кодираат и како URN-називи („еднообразно ресурсно име“) со префиксот „urn:issn:“.[4] На пример, списанието Rail се наведува како „urn:issn:1534-0481“. Доколку констролниот знак е „X“, тоа значи дека во URN назнаката секогаш се кодира со големи букви.

ISSN Македонија[уреди]

ISSN Центарот на Р. Македонија врши услуги за добивање на број, каталогизација и работа со броевите. Работи како служба во склоп на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.[5]

Поврзано[уреди]

  • ISBN (меѓународен стандарден книжен број)
  • DOI (идентификатор на дигитални објекти)

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Странски[уреди]

Македонски[уреди]