Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“
НУБСК-Лого.svg
НУБСК-Поглед.jpg
Зградата на НУБСК во Скопје
Земја Македонија
Тип национална, академска
Основана 1944
Законски налог Закон за библиотеките [1]
Место Скопје
Координати 41°59′52.6″N 21°26′22.4″E / 41.997944°N 21.439556°E / 41.997944; 21.439556Координати: 41°59′52.6″N 21°26′22.4″E / 41.997944°N 21.439556°E / 41.997944; 21.439556
Збирка
Збирка на книги, ракописи, периодика, карти, партитури, снимки, ликовни дела, разгледници, микрофилм и др.
Обем 3 милиони
Задолж. примероци да[2]
Пристап и употреба
Услов за членство жители на Скопје на возраст од барем 16 г.[3]
Други информации
Директор Миле Бошески
Службена страница nubsk.edu.mk

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ (порано: „Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“), скрат. НУБ „Св. Климент Охридски“ или НУБСК е национална библиотека на Република Македонија и академска библиотека на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Покрај ова, од 1960 наваму таа е водечки извор на материјали во истражната дејност, депозитна библиотека и еден од предводниците во дигитализацијата на книжното богатство на земјата[4]. Фондот брои над 3 милиони единици[5].

Библиотеката го носи името на големиот сесловенски просветител Свети Климент Охридски (840-916). Меѓу нејзините дејности се вбројува комплетирање и обработка на библиотечен материјал, библиографска дејност, информациска дејност, чување, заштита и конзервација на библиотечен материјал, образовна дејност и меѓународна соработка[6].

Содржина

[уреди] Историја

Библиотеката е формирана на 23 ноември 1944 со одлука на АСНОМ како „Народна библиотека“ и сместена во просториите на Централната библиотека на предвоениот Филозофски факултет во Скопје, основана во 1920 како прва универзитетска библиотека во Македонија. Првичниот наследен фонд изнесувал околу 150.000 единици, а библиотеката имала 50 читателски места и дванаесет вработени[7].

Стариот Филозофски факултет во Скопје (1920-ти)

Во 1945 е решено за доставување на задолжителен примерок од македонската издаваштво, со што библиотеката станува национална депозитна библиотека на тогашната Народна Република Македонија. Покрај основната функција на национална библиотека, НУБ е општонаучната и универзитетска библиотека за Универзитетот “Кирил и Методиј” од Скопје, што е формално санкционирано со Законот за библиотеките во НР Македонија од 1960 година.

Во 1952 библиотеката ја добила целата зграда на дотогашниот филозофски факултет, со што нејзините капацитети се прошируваат и се отвораат нови служби: подготовка на македонската национална библиографија (1949), книговрзница за заштита на фондот (1953) и библиотечен центар/матична служба (1954). Во 1958 го добива името „Народна и универзитетска библиотека“[5], а со републичкиот Закон за библиотеките од 1960 добива функција на централна и матична библиотека на СРМ.

Во земјотресот од 1963 зградата е целосно урната, со што тешко настрадал и нејзиниот фонд (500.000 единици). По спасувањето на фондот, библиотечните единици се привремено преселени во Даут-пашиниот амам, а во 1964 во наменски монтажни објекти сè до преселувањето во постоечката зграда во 1972.

Во наредниот период се созадени посебните фондови (збирки) како микрофилмската лабораторија (1966) и лабораторијата за конзервација и реставрација (1970). Во 1966 година се формира и посебна служба за библиографски информации која подоцна, во 1976 година, прераснала во Реферален центар, каде што отпочнале првите активности за автоматизација на библиотечното работење.

[уреди] Збирки

Посебните збирки на библиотеката се одделени по тематика.[8]Тука се вбројуваат следниве збирки: Археографија, Музичка уметност, Ориентални ракописи и ретки публикации, Ликовна збирка, Картографија, Дробен печат, Разгледници, Ретка периодика, Микорофилмска збирка, Архивски примерок, Докторски дисертации и магистерски тези, Извештаи од научно-истражувачки проекти и Германската читалница.

[уреди] Служби

Фоаје на библиотеката

Во библиотеката работат голем број служби, секоја задолжена за извесен аспект од работењето на институцијата:[9]

  • Прием на задолжителен примерок и експедиција
  • Комплетирање на задолжителен примерок и техничка обработка
  • Меѓународна размена, купување и подарок
  • Стручна обработка на монографски публикации
  • Kаталогизација на монографски публикации и ЦИП
  • Обработка на сериски публикации
  • Информации - општи информации за библиотеката, услуги и услови за нивно користење; содржина и организација на фондовите и условите според кои тие се користат
  • Упатување и обука за самостојно користење на каталозите, секундарни и терцијарни извори на информации (индекси, библиографии, централни каталози и сл.);
  • Библиографски пребарувања за определени теми од различни области преку печатени и електронски извори на информации (на пр. COBISS)
  • Заштита на библиотечни материјали. Услуги од областа на заштитата на библиотечни материјали:
  • Конзервација и реставрација: Микрофилмско и дигитално фотографирање; Подврзија
  • Зачленување
  • Археографска збирка, ретки и старопечатени книги
Споменик на Св. Климент Охридски во дворот на НУБСК
  • Збирка на периодични публикации, современи ракописи и фотодокументи
  • Збирка на ориентални ракописи и ретки публикации
  • Збирка на ликовни уметности
  • Збирка картографија
  • Збирка за музичка уметност
  • Збирка на дробен печат
  • Архивски примерок
  • Збирка на микрофилмови, докторски дисертации, магистерски трудови и извештаи од научно-истражувачки проекти
  • Online и offline библиографски, биографски, фактографски, нумерички податоци и мултимедијални информации од странски бази и банки на податоци
  • База на био-библиографски податоци за истражувачи, научна публицистика и научно-истражувачки организации и оддели – E-CRIS.MK
  • Меѓубиблиотечно позајмување библиотечни материјали
  • Центар за меѓународни кодни идентификатори на документи (ISSN, ISBN)
  • INIS (Меѓународен нуклеарен информационен систем) центар за Република Македонија
  • Македонска тековна библиографија (три оддели)
  • Македоника
Простор за пребарување на каталозите на НУБСК
  • Стручен секретар и односи со јавноста
  • Стручна помош на библиотеките во Македонија и организирање Основен курс за библиотечно работење
  • Меѓународна соработка
  • Културни манифестации
  • Специјални библиографии
  • Издавачка дејност
  • Маркетинг

[уреди] Млад Светиклиментов универзитет

Младиот Светиклиментов универзитет“ е семинарска иницијатива на библиотеката која има за цел да го зачува духот на просветната дејност на Свети Климент Охридски во IX и X век. Во склоп на курсевите сее одржува работилница за рачно производство на еколошка хартија, работилница на примена на рачно изработена хартија во печатарски, конзерваторски и сликарски цели и работилница за запознавање со основните елементи на глаголицата.[10]

[уреди] Директори

Читалница во библиотеката

Досега библиотеката имала единаесет директори:

[уреди] Библиотекарски изданија

[уреди] Други установи во склоп на библиотеката

[уреди] Признанија

За придонесот во научниот, културниот и вкупниот општествен развој на Македонија, библиотеката има добиено разни општествени награди и признанија.[5] Најзначајни од нив се:

[уреди] Поврзано

[уреди] Наводи

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник