Национална библиотека

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Национална библиотека (или народна библиотека) — библиотека основана како државна установа со цел да служи како главна ризница на информации за таа земја по пат на задолжителен примерок. За разлика од јавните библиотеки, ретко која национална библиотека дозволува зајмување на книги. ВО неа се чуват ретки и вредни дела и списи. Во земјите од поранешна СФРЈ, националната има улога и на универзитетска библиотека.

Овие библиотеки се обично доста поголеми од останатите во земјата. Вакви библиотеки постојат и во земји кои не се самостојни, но имаат иста потреба за зачувуваање на нивната култура. Таков пример некогашните југословенски републики или составните земји на Велика Британија.

Националните библиотеки остваруваат соработка со нивните пандани од други земји преку здружени организации како Меѓународниот сојуз на библиотечните здруженија и установи (IFLA), каде се заеднички задачи, проекти, разгледуваат општи стандарди и споделуваат искуства. Националните библиотеки во Европа учествуваат во Европската библиотека, која принадлежи на Соборот на европските национални библиотеки (CENL).

Историја[уреди]

Првите национални библиотеки водат потекло од кралските библиотеки и книжните фондови на слични центри на моќ. Еден од првите со намера да создаде државна библиотека е велшкиот математичар Џон Ди. Во 1556 г. Ди на англиската кралица Марија I ѝ изложил план за основање на ваква библиотека и заштита на стари книги, ракописи и евиденција, но замислата не се остварила.[1]

Македонија[уреди]

Стариот Филозофски факултет - Скопје во 1920-тите, чија библиотека е земена како основа за формирање на НУБ „Климент Охридски“

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје е основана 23 ноември 1944 г. со одлука на АСНОМ како „Народна библиотека“, наследувајќи го фондот на библиотеката на Филозофски факултет во Скопје, основана во 1920 како прва универзитетска библиотека во Македонија

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Fell-Smith, Charlotte (1909) John Dee: 1527–1608. London: Constable and Company Available online

Надворешни врски[уреди]