23 ноември

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Ноември 2014 23 ноември е 327-иот ден во годината според григоријанскиот календар (328-и во престапна година). Остануваат 38 денови до крајот на годината.

Настани:

1831  Штрајкот на лионските ткајачи прерасна во вооружено востание, на кое му се придружија и работниците од другите гранки. Тоа беше право масовно востание на работниците во услови на буржоаска монархија во Франција.
1944  По одлука на АСНОМ, формирана е Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
1971  Народна Република Кина го зазеде своето место во ООН откако САД, по две децении спротивставување, се откажа од натамошното поддржување на режимот на Чанг Кај Шек, како претставник на цела Кина.
1995  Целиот свет ја поздрави мировната спогодба за Босна, која ја потпишаа тројцата главни актери на преговорите во Дејтон, Фрањо Туѓман, Алија Изетбеговиќ и Слободан Милошевиќ.
2003  Грузискиот претседател Едуард Шеварнадзе поднесува оставка по неколку недели масовни протести поради изборна измама

Родени:

1760  Франсоа Бабеф — француски револуционер
1860  Хјалмар Брантинг — шведски социјалдемократ и премиер
1876  Мануел де Фалја — шпански композитор.
1877  Никола Карев — истакнат македонски социјалист и револуционер.
1899  Мануел дос Реис Машадо — мајстор по афро-бразилската боречка вештина.
1941  Франко Неро — италијански актер.
1988  Ендру Талански — американски велосипедист.
1988  Јенс Кекелејре — белгиски велосипедист.

Починале:

1966  Григор Витез — хрватски писател и преведувач.
1976  Андре Марло — француски писател есеист, теоретичар и историчар на уметноста.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември