Ендру Талански

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ендру Талански

Талански на Тур де Романди 2011.
Лични податоци
Цело име Ендру Талански
Прекар Пит Бул
Роден 23 ноември 1988 (1988-11-23) (26 г.)
Мајами, Флорида, САД
Висина 1,75 м
Маса 63 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Гармин-Шарп
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување
Аматерски клубови
2010 Гармин-Транзишанс (стажант)
Професионални клубови
2008
2009
2011–
Тошиба-Санто-Хербалајф
Аморе & Вита-Мекдоналдс
Гармин-Сервело
Значајни победи
Етапни трки
Тур де л’Ен (2012)
Критериум ду Дофине (2014)
Последна промена
12 октомври 2014

Ендру Талански (германски: Andrew Talansky; р. 23 ноември 1988 во Мајами) — американски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Гармин-Шарп.[1][2] Талански престојува во Напа, Калифорнија.[2]

Биографија[уреди]

Талански настапувал во крос-кантри трчање во средното училиште во Флорида пред да започне со велосипедизам на 17 години. По успехот на локалните аматерски трки, се преселил на колеџот Лис-Мекри во Северна Каролина, победувајќи на националното колеџ првенство во неговата прва година. Го напуштил колеџот една година подоцна за да ѝ се приклучи на екипата Аморе & Вита во Италија во 2009, но не бил задоволен со условите и се вратил во Америка истата пролет. Возел во САД во 2009 без екипна поддршка. По силниот настап на трката Тур Гила, се приклучил на Гармин во 2010, преселувајќи се во професионалната екипа во 2011, со која успеал да стигне меѓу првите десет на Тур де Романди 2011.

Во 2012, Талански ја остварил неговата прва професионална победа во Европа на Тур де л’Ен и бил именуван за водечки возач на Гармин за Вуелта а Еспања 2012, каде завршил седми во генералниот пласман. Во 2013 бил втор на Париз-Ница, водејќи на трката два дена и бил избран за Тур де Франс по прв пат, повторно успевајќи да стигне меѓу првите десет.

Ја освоил етапна трка Критериум ду Дофине 2014, приклучувајќи се на бегството во последната етапа, при што надокнадил 39 секунди задоцнување зад предводникот на трката Алберто Контадор.[3]

Се повлекол од Тур де Франс 2014 по повеќето падови во еден ден.[4]

Достигнувања[уреди]

2009
9. Национално хронометарско првенство под 23 години
2010
1. MaillotUSA.PNG Национален хронометарски првак (под 23 години)
1. Етапа 1 Тур де по де Савоја
2. Краен пласман Тур де л’Авенир
3. Краен пласман Тур де л’Изар
10. Краен пласман Џиро дела Вале д’Аоста
2011
4. Краен пласман Медитеранска трка
9. Краен пласман Тур де Романди
1. Бела маичка Пласман за млад возач
2012
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Тур де л’Ен
1. Етапа 4
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
2. Краен пласман Тур де Романди
1. Бела маичка Пласман за млад возач
7. Краен пласман Вуелта а Еспања
8. Краен пласман Волта ао Алгарве
8. Национално хронометарско првенство
2013
2. Краен пласман Париз-Ница
1. Етапа 3
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
6. Краен пласман Критериум Интернасионал
10. Краен пласман Тур де Франс
2014
1. Краен пласман Jersey yellow-bluebar.svg Критериум ду Дофине
7. Краен пласман Волта а Каталуња

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2011 2012 2013 2014
Jersey pink.svg Џиро
Jersey yellow.svg Тур 10 СО
Jersey red.svg Вуелта 79 7

СО = се откажал

Други поголеми етапни трки[уреди]

Трка 2011 2012 2013 2014
Париз-Ница 61 2
Тирено-Адријатико 120 17
Волта а Каталуња 7
Трка околу Баскија 98 29
Тур де Романди 9 2 16 11
Критериум ду Дофине СО 28 1
Тур де Свис СО

Наводи[уреди]

  1. Тим Гармин-Шарп-Баракуда го објави составот за 2013“, „Гармин-Шарп“, Slipstream Sports LLC, 28 декември 2012 (конс. 6 јануари 2013).
  2. 2,0 2,1 Ендру Талански - Профил“, „Гармин-Шарп“, Slipstream Sports LLC, 28 декември 2012 (конс. 6 јануари 2013).
  3. „Талански го победи Контадор!“. „Телеграф“. 15 јуни 2014. http://www.telegraf.mk/sport/162995-talanski-go-pobedi-kontador. конс. 17 јуни 2014. 
  4. Тур де Фарс: храброста на Талански, славата на Галопен, лутината на Саган“, „Eurosports“, Yahoo, 16 јули 2014 (конс. 11 септември 2014).

Надворешни врски[уреди]