28 ноември

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај

Шаблон:Ноември 2008 28 ноември е 332-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (333-и во престапна година). Остануваат 33 денови до крајот на годината.

Настани:

1520  Португалскиот морепловец Фернандо Магелан, вплови во Пацификот, минувајќи низ јужноамериканската теснина која денес го носи неговото име.
1821  Панама прогласи независност од Шпанија и и се придружи на Колумбија.
1943  Во Техеран почна конференцијата меѓу претседателот на САД Рузвелт, британскиот премиер Черчил и советскиот премиер Сталин. На конференцијата е разгледано натамошното водење на војната со Германија, повоеното уредување на Европа и друго. Конференцијата заврши на 1 декември.
1995  Чешката република стана 26-та членка на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој).
1997  Во Скопје, свечено е отворена Амбасадата на Австрија во Република Македонија.

Родени:

1632  Жан Батист Лули, француски композитор, диригент и виолинист, од италијанско потекло.
1820  Фридрих Енгелс, англиски револуционер, филозоф, социјалист и научник, соработник на Карл Маркс.
1829  Антон Григорјевич Рубинштајн, руски клавирски виртуоз и композитор, основач на Конзервативизмот во Петроград.
1907  Алберто Моравија, еден од најголемите современи писатели не само во Италија, туку и во Европа.

Починале:

1680  Џовани Лоренцо Бернини, италијански архитект, вајар, сликар, писател, режисер и организатор на јавни свечености.


Јануари | Февруари | Март | Април | Мај | Јуни | Јули | Август | Септември | Октомври | Ноември | Декември
Лични алатки