18 ноември
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | ноември | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | |||||
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
| 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
18 ноември е 322-иот ден во годината според григоријанскиот календар (323-и во престапна година). Остануваат 43 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1903 | САД потпишаа договор со Панама, со што добија неограничено право за користење на Панамскиот Канал. |
| 1991 | Српските сили го освоија хрватскиот град Вуковар, по 87-дневна опсада. |
| 1997 | Делегација на Армијата на Република Македонија, при посетата на Турција, го пронајде и го фотографира крушевското црешово топче од периодот на Илинденското востание. Црешовото топче е пронајдено во Воениот музеј на Армијата на Турција. |
| 2012 | Теодор III избран за патријарх на Коптската православна црква. |
Родени:
| 1874 | Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација. |
| 1928 | Александар Ежов, македонски книжевен критичар. |
| 1960 | Александар Донски, литературен преведувач, раскажувач и историчар. |
Починале:
| 1922 | Марсел Пруст, француски писател и академик. |
| 1936 | Ганчо Хаџипанзов, македонски револуционер и поет, учесник во Шпанската граѓанска војна |
| 1962 | Нилс Бор, дански теоретски физичар, основач на теоријата за структурата на атомот. |
| 1986 | Љупчо Арсов, републички функционер за време на СРМ. |
| 1991 | Густав Хусак, претседател на Чешка. |
| 2005 | Ангел Чемерски, македонски револуционер и партиски функционер. |
| 2007 | Томо Софрониевски, македонски првоборец и политичар. |
| 2008 | Бранко Гапо, македонски филмски режисер. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |