25 ноември
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | ноември | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | |||||
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
| 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
25 ноември е 329-иот ден во годината според григоријанскиот календар (330-и во престапна година). Остануваат 36 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1867 | Алфред Нобел го патентирал динамитот. Патентните права му донеле големи приходи од кои и до денес се финансира наградниот фонд на Нобеловата награда. |
| 1918 | Поранешната австро-унгарска провинција Војводина прогласила отцепување и приклучување кон Кралството Србија. |
| 1936 | Германија и Јапонија го потпишуваат Антикоминтерновскиот пакт |
| 1939 | Во Самобор, Хрватска, во печатницата на Драгутин Шпулер, излезе од печат збирката песни „Бели мугри“ од македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин. Таа претставуваше стремеж за афирмација на македонската национална култура и на современата македонска поезија. |
| 1965 | Извршен е воен удар во Конго. Генерал Мобуто го собори претседателот Касавубу. |
| 1973 | Во Грција е извршен државен удар во кој е соборен диктаторот Пападопулос и Режимот на полковниците. Новата хунта на чело со генерал Гизикис веќе следната година им ја предаде власта на политичарите, па Константин Караманлис ја формира првата влада на национално единство. |
| 1976 | Суринам стекнува независност од Холандија |
| 1977 | Генералното собрание на ООН ја осуди израелската окупација на арапските територии само со четири гласа против - Израел, САД, Канада и Салвадор. |
| 1990 | ВМРО-ДПМНЕ победи на првите повеќепартиски избори во Македонија со 37 места во Парламентот. Сојузот на Комунистите на Македонија добива само 31 место. |
Родени:
| 1562 | Феликс Лопе де Вега, шпански писател. |
| 1881 | Јован XXIII, римски папа. |
| 1924 | Анте Марковиќ, последниот премиер на СФРЈ. |
| 1935 | Миле Неделкоски, македонски поет. |
| 1947 | Наум Попески, македонски писател. |
| 1948 | Тодор Бојаџиев, македонски композитор. |
| 1964 | Павле Воскопулос, македонски политичар во Република Грција. |
Починале:
| 1185 | Луциј III, римски папа. |
| 1638 | Николаус Стено, дански научник. |
| 1878 | Стојан Карастоилов, ајдутски војвода . |
| 1885 | Алфонсо XII, крал на Шпанија. |
| 1915 | Мишел Бреал, француски лингвист. |
| 1957 | Принц Георги, вториот син на Георги I, крал на Грција. |
| 1968 | Аптон Синклер, американски писател и публицист. |
| 1974 | У Тант, бурмански дипломат. |
| 1991 | Фреди Меркјури, рок - ѕвезда. |
Празници:
| 1976 | Ден на независноста на Суринам |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |