Динамит
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Динамит е експлозив со многу разорно дејство, мешаница од 75 дела нитроглицерин
и 25 дела некој друг, еластичен, порозен, но неексплозивен материјал обично со инфузориска или дијатомејска земја. Динамитот бил измислен од шведскиот хемичар и инженер Алфред Нобел во 1866 по што добил индустриска сопственост (патентно право) следната година во октомври.
[уреди] Употреби
- Главна употреба на динамитот е во изградбата, рударството и разурнувањето.
- Имал корист во минати борби при разурнувањето на мостови со цел да се успори напредувањето на непријателот.
- Денес редовно се употребува во некои скијачки центри за намерно создавање на лавина во почетокот на сезоната за безбедност по скијачките патеки.
