Внатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единство
Внатрешна Македонска Револуционерна Организација – Демократска Партија за Македонско Национално Единство (ВМРО-ДПМНЕ) |
|
| Лидер | Никола Груевски |
|---|---|
| Генерален секретар | Кирил Божиновски |
| Основана | 17 јуни 1990 |
| Штаб | Скопје |
| Идеологија | конзерватизам, христијаско демократство |
| Бои | Црвена, жолта , црна и портокалова |
| Мреж. место | |
| www.vmro-dpmne.org.mk | |
Внатрешна Македонска Револуционерна Организација - Демократска Партија за Македонско Национално Единство или скратено ВМРО-ДПМНЕ е една од најголемите политички партии во Македонија. Партијата се класифицира како народна партија со демохристијанска ориентација [1]. Лидер (претседател) на партијата е Премиерот Никола Груевски, а генерален секретар е Кирил Божиновски, воедно и Генерален секретар на Владата.
Содржина |
[уреди] Корени
Името на партијата доаѓа од Внатрешната Македонско Револуционерна Организација, создадена во 1893. Партијата се смета себеси за идеолошки наследник на првобитната ВМРО.
[уреди] Формирање и подоцнежен развиток
По смртта на Тито во 1980 започнува постепен процес на дезинтеграција на Југославија, кон крајот на декадата се јавуваат првите почетоци на партискиот плурализам во Македонија. Дел од вратените иселеници, како и новата генерација на македонски интелектуалци политички се оформуваат во духот на македонскиот национализам, барајќи независност на Македонија од Југословенската федерација. Од овие нови политички струи, на 17 јуни 1990 се формира ВМРО-ДПМНЕ, кое станува правно лице со регистрацијата на 5 август 1990 година. За нејзин прв претседател е избран Љубчо Георгиевски.
[уреди] Избори
На првите парламентарни избори ВМРО ДПМНЕ настапила со програма за конфедерален статус на Македонија во тогашната југословенска федерација и во својата печатена програма помеѓу другото ќе се залага за „Македонска војска, полиција и македонска фудбалска лига“.
ВМРО-ДПМНЕ го добила мнозинството гласови на првите повеќепартиски избори во Македонија одржани на крајот од 1990 година. По изборот на првата политичка влада во 1992 година ВМРО-ДПМНЕ преминува во опозиција, сè до парламентарните избори во 1998 година кога партијата победила и формирала влада на чело со Љубчо Георгиевски во коалиција со Демократската алтернатива и со Демократската партија на Албанците.
На парламентарните избори во 2002 година ВМРО-ДПМНЕ настапува во коалиција со Либерална партија, но ги изгубила изборите и преминала во опозиција. На партискиот конгрес во Охрид во мај 2003 година Љубчо Георгиевски се повлекол од лидерската функција, а на негово место за претседател на партијата е избран Никола Груевски. Следната година ВМРО-ДПМНЕ доживува уште еден изборен пораз. Нејзиниот кандидат за претседател на изборите во 2004 година, Сашко Кедев, бил поразен од Бранко Црвенковски.
Во 2006 година коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ победила на парламентарните избори во 2006 година и партијата формирала влада на чело со Никола Груевски.
На 15 мај 2007 година, ВМРО-ДПМНЕ се стекнала со статус набљудувач во Европската народна партија.
На предвремените парламентарни иѕбори кои се одржале на 1 јуни 2008 година Коалицијата за Подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила мнозинство пратеници, односно 64 пратеници со што станала првата коалиција во историјата на самостојна Македонија која освоила мнозинство пратеници.