Карл Бенц

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карл Бенц (1844-1929), германски машински инженер

Во 1885, германскиот машински инженер, Карл Бенц го дизајнираше и го изгради првиот практичен автомобил којшто ќе биде движен од мотор со внатрешно согорување. На 29 Јануари 1886, Бенц го направи првиот патент DRP No. 37435 за моторно возило на погон на бензин. Тоа било составено од три тркала. Бенц ја направил својата прва кола на четири тркала во 1891 година. Benz&Company, компанијата основана од пронаоѓачот, до 1900 година стана најголемата светска компанија за производство на автомобили.

Биографија[уреди]

Карл Фридрих Бенц е роден 1844 година во Баден Мелбург, Германија (сега дел од Карлсруе). Тој е син на машиновозач. Бенц го посетувал граматичкото училиште во Карлсруе и подоцна се запишал на Политехничкиот универзитет во Карлсруе. Во 1871 тој ја отворил својата прва компанија со партнерот Аугуст Ритер, која го имала името „Iron Foundry and Machine Shop“, која била снабдувач за градежни материјали.

Бенц ја започнал својата работа на двотактниот мотор, со надеж да пронајде начин за финансиски приход. Тој го добил својот прв патент во 1879 година. Во 1883, тој ја основа Benz & Company за да произведува индустриски машини во Манхајм, Германија. Тој ја дизајнира „моторната кочија“ со четворо-тактен мотор (заснован на патентот на Николас Ото). Бенц го дизајнира својот мотор (958cc, 0.75hp) и каросеријата за возило на три тркала со електрично запалување (свеќици), диференцијал и ладење со вода. Автомобилот за првпат бил возен по улиците на Манхајм во 1885 година. На 29 јануари 1886 година го добива патентот за автомобил со погон на бензин (DRP 37435) и во јули и истата година го пушта својот автомобил во продажба.

Во 1893 година, Бенц Фело (името на автомобилот) станува првиот евтин, масовно произведуван автомобил.

Во 1903, Карл Бенц се пензионира. Неговите дизајни се надминати од срана на Готлиб Дајмлер. Тој од 1926 година па се до неговата смрт работи како член на бордот за надзор во компанијата Daimler-Benz AG.

Во 1872 година се венча со Берта Рингер, која игра активна улога во неговата компанија. Со нејзе имаат пет деца. Неговиот живот завршува во 1929 година.


Надворешни врски[уреди]