Тркало
Тркало или колце е тркалезен предмет, односно предмет во облик на диск, кој е најважниот дел од повеќето средства за лесен пренос и превоз, поради малото триење при движењето.
Постар збор што се користел е коло, па оттаму потекнува зборот кола, како транспортно средство.
Механика [уреди]
Тркалото е споено со осовина на еден од двата начини: или осовината е неподвижна, а тркалото се врти или и осовината и тркалото се цврсто споени и заедно се вртат, а неподвижен е делот на возилото.
Како и да е, постои место каде што се спојуваат делот што се врти со неподвижниот дел. Тој дел се вика лежиште. Во тој дел се случува триењето и се создава силата на отпорот.
Историја на тркалото [уреди]
Пронаоѓањето на тркалото се смета за едно од најважните достигнувања во развојот на човековата цивилизација. Многу истражувачи тврдат дека се појавило во 5. милениум п. н. е. и дека е поврзан со откривањето на грнчарското тркало, односно грнчарското колце.
| Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Тркало“ |