Сумер
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Стар век |
|---|
| ↑ Праисторија |
|
| ↓среден век |
Сумер е првата светска цивилизација за која е потврдена писменоста и изградба на градови. Настанала во Месопотамија, односно долината на реките Тигар и Еуфрат (денешен Ирак). Потеклото на Сумерите не е потврдено, но се верува дека се доселиле од север и се помешале со затекнатото население.
Првите големи градови ги изградиле Сумерите во западниот дел на месопотамија, што на грчки значи „земја меѓу реки“: се работи за една мошне плодна долина создадена со напластување на наносите што ги носеле реките Тигар и Еуфрат. Сумерите создале многу градови - држави. Во нив управувал владетел - свештеник, кој претставувал овоплотување на богот-заштитник, секоја држава имала свој владетел кој се сметал за вистински господар и владетел кому земјоделското население морало да му дава дел од жетватa. Почеста што му се укажувала на богот била ограничена на храмот околу ко се одвивал општествениот и економскиот живот: изградена среде населеното место, кулата на храмот (зигуратот) доминирала над градот и околната територија. Потребата да се забележи со знаци количеството на родот и делот што му припаѓа на богот , довела до создавање писмо; првите записи се однесуваат на количеството просо принесено во храмот, кое се сметало на глинени таблички и тие претставуваат најстари записи во светот. Религијата и писмото на сумерите биле прифатени и приспособени од Акадите кои, околу 2500 година п.н.е., се населиле на север. Мирниот соживот (а можеби и мешањето) меѓу двата народа во еден миг бил нарушен и Акадите воспоставиле превласт, создале голема империја која се одржала околу два века. Сумерските градови добиле извесна автономија и во следниот период ќе живеат раскошно под власта на третата династија Ур.