Австроунгарија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Австроунгарска Империја
Österreich-Ungarn (герм.)
Osztrák–Magyar Monarchia (унг.)
Flag of the Habsburg Monarchy.svg
1867–1918
Знаме Грб
Civil Ensign Грб (1915)
Химна
Volkshymne (Боже чувај го Императорот)
Местоположба на Австроунгарија
Местоположба на Австроунгарското Царство во 1913
Главен град Виена, Будимпешта
Јазици германски и многу локални јазици (пр. чешки, словенечки) во Цислејтанија
унгарски и латински во Унгарија
Религија Католици
Уредување Монархија
Цар
 - 1848-1916 Франц Јозеф I
 - 1916-1918 Карл I
Историја
 - Компромисот од 1867 29 мај 1867
 - Независност на Чехословачка 28 октомври 1918
 - Независност на Кралство СХС 29 октомври 1918
 - Распад 31 октомври 1918
Површина
 - 1910 676.615 km²
Население
 - 1910 51.390.223 
     Густина 76 жители/km²
Валута Гулден
Круна (од 1892)
Претходник
Следбеник
Flag of the Habsburg Monarchy.svg Австриско Царство
Австрија Flag of Austria.svg
Унгарска Демократска Република Civil Ensign of Hungary.svg
Прва Чехословачка Република Flag of Bohemia.svg
Втора Полска Република Flag of Poland.svg
Лемко-Руска Република Blank.png
Украинска Народна Република Flag of Ukrainian People's Republic 1917.svg
Западноукраинска Национална Република Flag of Ukraine.svg
Команчка Република Flag of Ukraine.svg
Кралство СХС Flag of the State of Slovenes, Croats and Serbs.svg
Кралство Србија State Flag of Serbia (1882-1918).svg
Банатска Република Blank.png

Австро-Унгарија (на германски: Österreich-Ungarn, на унгарски: Osztrák-Magyar Monarchia) е поранешна монархија, односно позната и како Двојна Монархија, која се состоела од два дела - Цислеитанија (западниот дел) и Транслеитанија (источниот дел). Императорот на Австрија истовремено бил и крал на Унгарија. Оваа монархија постоела во периодот од 1867, кога Унгарија добила можност за автономија во рамките на империјата се до нејзиното и распаѓање во 1918 година, односно пред завршувањето на Првата Светска војна, Австро-Унгарија била втората по големина држава во Европа, веднаш по Руската империја и трета по население по Руската и Германска империја. Во составот на империјата живееле Германци, Италијанци, Унгарци, Хрвати, Украинци, Бошњаци, Словенци, Срби, Руси, Романци и.т.н.

Историја [уреди]

Австро-Унгарија била создадена во текот на 1867 година како резултат на реформите кои биле преземени во рамките на дотогашната Австриска империја, која од своја страна пак својата историја започнала да ја гради од 14 век. Во 1914 година, односно во Првата светска војна, влегла во составот на Централните сили заедно уште и со Германија, Турција и Бугарија.

Во текот на Првата Светска војна Австро-Унгарија ја имала една од најсилната пешадиска армија. Биле мобилизирани околу 9 000 000 војници. Австро-Унгарија во текот на војната била ставена во најлоша положба бидејќи истовремено требала да војна на 4 фронта - Јужен Балкански (Солунски), Романски, Источен (руски) и Италијански фронт. Во почетокот забележала големи успеси напредувајки во Русија.Подоцна кога и Кралството Италија влегло во војната на страна на Антантата, Австроунгарија забележала големи успеси и на италијанскиот фронт,поточно на битките кај реката Соча. Најголема победа Австроунгарската војска извојувала во Битката кај Капорето.Италијанците доживеале катастрофален пораз и биле приморани да се повлекуваат неколку километри а Австроунгарците се доближиле опасно близу до Венеција.

Императори [уреди]

На врвот на Австро-Унгарија стоел австрискиот император кој бил и унгарски крал. Тој се служел и со други титули, како крал на Бохемија, или крал на Чешка). Хабсбургците се основната династија која владеела со империјата:

Распаѓање на империјата [уреди]

Истовремено, со поразот во војната, Австро-Унгарија како еден од условите била со сила распарчена од страна на Антантата (ноември 1918 г.). Како главната причина се гледа во стравот на Антантата овие две земји многу брзо да закрепнат од војната, со кое повторно би се создала можеби и уште посилна земја од тогашната Австро-Унгарија.

Шаблон:Унгарија-ист-никулец

Шаблон:Словачка-ист-никулец

Шаблон:Словенија-ист-никулец

Шаблон:Чешка-ист-никулец