Бели мугри
Од Википедија, слободната енциклопедија
| „Бели мугри“ | |
| Автор | Коста Солев |
|---|---|
| Земја | Загреб, Кралство Југославија |
| Јазик | македонски |
| Жанр(ови) | поезија |
| Издадена | 1939 |
| Медиум | печатено издание |
| Страници | 31 |
Бели мугри е збирка поезија од Кочо Рацин, објавена во 1939 година во Самобор близу Загреб. Таа е трета стихозбирка објавена на македонски јазик по стихозбирките на Венко Марковски, „Народни бигори“ и „Огинот“, објавени во 1938 година.
Стихозбирката е испечатена на 25 ноември во печатницата на Драгутин Шпулер во 4.000 примероци. Според вообичаената комунистичка практика, насловот е испечатен со црвени букви, а поради опасноста да се дознае идентитетот на авторот, Коста Солев ја објавува под псевдонимот „К. Рацин“. Стихозбирката брзо се растура по цела тогашна Југославија и во Пиринска Македонија и постигнува голем успех.
Содржина |
[уреди] Содржина
Стихозбирката опфаќа 12 песни[1]:
- Денови
- Печал
- Селска мака
- Тутуноберачите
- Ленка
- Проштавање
- Балада за непознатиот
- Елегии за тебе
- Утрото над нас
- Татунчо
- На Струга дуќан да имам
- Копачите
[уреди] Наводи
- ↑ Рацин, К. (1939), Бели мугри, Загреб, Кралство Југославија.
[уреди] Поврзано
[уреди] Надворешни врски
- Збирката „Бели мугри“ на Викиизвор
- „Ленка“ во изведба на Зафир Хаџиманов (mp3)
- „Бели мугри“ - целосен текст.
- Електронски преглед на „Бели мугри“ на страницата на Универзитетската библиотека во Скопје.